Насловна / Арт и дизајн / „Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски со соработничката Моника Мотеска преставник на Венециското биенале на уметноста

„Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски со соработничката Моника Мотеска преставник на Венециското биенале на уметноста

Проектот „Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски (соработник Моника Мотеска) и Националната галерија е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на 59. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2022 година.

Во образложението на  стручната комисија при Министерството за култура се вели дека проектот низ јукстапозиции поставува нови пејзажи, реални, а имагинативни;локални и национални, а сепак универзално препознатливи. -Нивните сублимирани сцени, објекти, видеа и просторна инсталација го сугерира односот тело-природа, човек-технологии, човекот како несовршено суштество и негова когнитивна симбиоза со останатиот жив свет и околина. Низ квалитетен материјал и портфолио, авторот и кураторката (Ана Франговска) го развиваат и докрај го објаснуваат проектот како соодветен одговор на темата на Биеналето „Млеко од соништата“.

bb_resize

На конкурсот за финансирање проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за учество на Република Северна Македонија на 59. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2022 година, во организација на „La Biennale di Venezia“ (Венециско биенале), годинава пристигнаа пет пријави. Една од нив не се разгледуваше откако подносителот достави писмено известување дека го повлекува проектот од учество на Конкурсот.

Покрај проектот чиј комесар е директорката на НГМ, Дита Старова – Ќерими, останатите проекти кои беа пристигнати и разгледувани се:„Божествена пародија“ на Страхил Петровски (Музеј на Град Скопје); „Сите изгубени гласови“ на Филип Јовановски (Младински културен центар – Скопје) и „Горчлив шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ (НУ Музеј на современата уметност – Скопје).

Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 23.04  до  27.11 2022

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top