Насловна / Вести / На аукција се продава прекрасен кадилак кој му припаѓал на Елвис Присли

На аукција се продава прекрасен кадилак кој му припаѓал на Елвис Присли

Cadillac Fleetwood Brougham од 1954 година, кој некогаш му припаѓал на славниот Елвис Присли, понуден е на аукција. Се верува дека Присли во текот на својот живот поседувал над 200 Cadillac автомобили, а овој примерок е еден од нив. Автомобилот се продава на аукција во Шведска, а посебен е по тоа што е единствен кој бил регистриран на негово име. Купен е нов во 1974 година, а го движи 8,2-литарски V8 мотор. Се разбира, збогатен е со мноштво дополнителна опрема. По одредено време, Присли му го подарил овој автомобил на својот лекар, а од него во 1985 година го купил актуелниот сопственик. И покрај годините, има поминато само 2.800 километри. Интересно е дека купувачот ќе добие клуч од 14 каратно злато, историски фотографии и пратечка документација.

elvis1

elvis2elvis3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top