Насловна / Архитектура / Објект кој го чува споменот на детството, илузиите и надежите

Објект кој го чува споменот на детството, илузиите и надежите

Интервенција изведена со почит кон природата и местото, заснована на бришење на излишното и барање слобода и мир без губење на спомените, претставува признание на времето кое остава свој траг во секоја материја, вреднувајќи ги неправилностите, текстурите и крајно совршените несовршености.

9

Во импозантниот пејзаж кој го чува природното наследство типично за западниот брег на Астурија, Шпанија, во селото Sabugo de Otur, се наоѓа објект кој сведочи за времето и го чува споменот на детството, илузиите и надежите.

Формата ненаметливо се надоврзува на пределот во кој плажите и планините делат пејзаж, облагороден со куќи со чисти и смели волумени, со коси кровови и фасади од дрво и камен.

0

11

Станува збор за реконструкција на куќа со компактен волумен, исклучителна по својата скромност и енергетска ефикасност, која треба да вдахне нов живот, светлина, воздух, море, но почитувајќи го своето минато и сеќавање. Архитектите од шпанското биро Тagarro- de Мiguel Аrquitectos го заќувале рбетот, но источниот масивен ѕид е урнат и заменет со стакло, чијашто проѕирност овозможува раст на внатрешните простори, водејќи ги границите на куќата кон хоризонтот, кон морето, небото и планинските предели.

1

Внатрешноста е ослободена од непотребни прегради и создаден е уникатен амбиент, развиен на три ката. Целиот концепт се заснова на нагласување на неправилности, грубост, несовршености, текстури, ерозија, наспроти преценетото и сеприсутно лажно совршенство и уредност.

5

4

Користени се само локални материјали – камен и дрво, со додаток на челик и стакло, кои имаат за цел да го претстават времето како витален елемент – челикот, оставајќи видливи дамки на фасадата, а стаклото што ги замаглува границите со својата транспарентност и дава живот на внатрешниот простор.

2 3 10

Испрати коментар

Scroll To Top