Насловна / Вести / Лабораторијата на Тесла во САД, чекор поблиску да стане музеј

Лабораторијата на Тесла во САД, чекор поблиску да стане музеј

Во Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Никола Тесла, во саботата на 112 години стар реконструиран оџак, се постави и круна на оџакот, а се тоа е уште еден чекор кон целта – формирање на Музеј на Тесла на Лонг Ајленд, изјавил за Танјуг, директорот на лабораторијата на научниот центар на Тесла, Ворденклиф, Марк Алеси.

Оџакот од црвена тула, тежок повеќе од два тона, за Тесла лично го проектирал архитектот Стенфорд Вајт, меѓу чии дела е и вториот, њујоршки Медисон Сквер Гарден.

t1_resize

„Реконструкцијата на оџакот беше голем предизвик, доведе и до неочекувано откритие поврзано со тунелите на Тесла, на кои експертите сè уште работат. Со поставување на круната на оџакот, направен е многу важен чекор за зачувување на лабораторијата и работата на Тесла“, вели Алеси.

По откривањето на необичната тула и лак, консултирани се историчари, архитекти и инженери кои откриле ниша чија намена и можни врски со тунелите што Тесла ги изградил под Варденклиф во рамки на експериментите за безжично пренесување на електрична енергија, сè уште се истражуваат, додаваат од центарот Варденклиф. (Tesla Science Center at Wardenclyffe).

Оџакот, а особено круната од ковано железо, биле во критична состојба, а по паузата заради коронавирусот, реновирањето започнато во февруари, продолжило во јуни, соопшти центарот.

Според зборовите на Алеси, тулата, сите неоштетени делови повторно биле искористени за правење на оџакот, а во симнувањето, сортирањето, складирањето, учествувала локалната заедница, горда и посветена на зачувување на Лонг Ајленд, лабораторијата на Тесла и светската историја, која Тесла токму тамо ја напишал.

т2_resize

„Реконструкцијата на оџакот е огромен чекор во нашата мисија да ја вратиме единствената преостаната лабораторија на Тесла и стремежот да ја претвориме во музеј, иновативен токму како што бил Тесла“, изјави Алеси пред саботната церемонија.

Земјиштето со лабораторијата на Тесла спасено благодарение на донации

Во 2012 година, научниот центар Варденклиф откупил од компанијата АГФА, 6,5 хектари земја на Лонг Ајленд, оддалечен околу стотина километри од Њујорк, каде Никола Тесла во 1901. година започнал да ја гради познатата лабораторија во која осмислил и реализирал некои свои идеи драгоцени за човештвото.

Успеале само благодарение на акцијата иницирана од стрип-уметникот Метју Инман – со донации од целиот свет откупено е земјиште, кое пред продажбата било тотално девастирано,  дури беило претворено во депонија.

Инман ја иницирал акцијата за да спречи земјиштето да отиде во рацете на инвеститори кои имале намера да го срамнат со земја целиот комплекс, а со желба Варденклиф да дојде во вистински раце и конечно да биде реновиран со што на вистински начин ќе сведочи за еден од најголемите пронаоѓачи на нашето време.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top