Насловна / Архитектура / Повик за кандидат за претседател на ААМ

Повик за кандидат за претседател на ААМ

На 18.10.2020 година (понеделник) во 15:00 h, со една година задоцнување ќе со одржи Изборно собрание на ААМ на кое ќе се избира Претседател на Собранието на ААМ и Претседател на ААМ.

Заинтересираните кандидати документите треба да ги достават по електронски пат најдоцна до 09.10. 2020 година на kontakt.aam@gmail.com

  •  Кандидатите за Претседател на собрание на ААМ е потребно да достават своја професионална биографија.
  • Кандидатите за Претседател на Управен одбор на ААМ е потребно да достават своја професионална биографија, предлог листа на членови на УО и програма за работа на ААМ во следните три години.

Поради настанатата ситуација со вирусот Ковид19 од страна на УО на ААМ ќе бидат усвоени протоколи за местото и начинот на одржување на Собранието, по добивање на конечниот список на членови (број на присутни) со право на глас. Според Статутот на ААМ, право на глас имаат активните членови на ААМ (членови со платена чланарина). Списокот на членови кои ќе имаат право на глас ќе се затвори на 05.10.2020 година. За да се оствари право на глас до тогаш треба да се изврши уплата на чланарината.

аам1

 

Испрати коментар

Scroll To Top