Насловна / Архитектура / Куќа во Белгија со фасада од огледала што се претопува со шумата

Куќа во Белгија со фасада од огледала што се претопува со шумата

Зелениот појас околу белгискиот град Антверпен во шеесетите години на минатиот век бил место на архитектонски иновации на своето време, кога токму таму се изградени неколку значајни и интересни вили. Една од е купена од модерно семејство, со желба да ја претвори во нов дом. Меѓутоа, состојбата во која се наоѓала вилата, како и актуелните прописи за градење не ги поддржале нивните потреби, што довело до одлука да се изгради нова семејна куќа, на местото на постоечката.

2 (2)

Архитектонското биро Studio Okami Architects проектирало нова куќа, наречена Beli House, а со нејзиниот оригинален дизајн, кој се потпира на стилот од 1960-тите, му оддава почит на претходниот проект и ја чува поранешната вила од заборав.

05

Модерен семеен дом во стил на 60-тите

Со желба да се зачува стилот на старата вила, на изгледот и структурата на новата куќа влијаеле животните навики и потребите на семејството, кои вклучуваат работа од дома и доволно простор за играње на децата. За да се исполнат овие барања, неопходно било да се зголеми квадратурата на куќата.

02

Поаѓајќи од стилот на оригиналната градба, кај Beli House доминираат изложени бетонски ѕидови поставени под прав агол, како и прозорци од подот до таванот на приземјето, формирајќи стаклена фасада во долниот дел од куќата.

Со различни висини и ориентации, бетонските ѕидови го делат внатрешниот простор, а во исто време обезбедуваат приватност и заштита од сонце.

Грубите бетонски ѕидови, изработени во стилот на брутализмот, се во контраст со мермерот на влезот, кој внесува разиграност во екстериерот и го поврзува бетонот со фасада од огледала на првиот кат.

3 (2)

Фасадата од огледала го крие горниот кат, кој визуелно се претопува со шумата

Потребата од дополнителен простор е решена со изградба на кат над дел од приземјето, во кој се сместени две детски соби, бањи и простор за игра.

Овој кутијаст волумен е обложен со огледала што ја рефлектираат природата, правејќи го горното ниво да се претопува со околината и со тоа навидум сокрие, а вилата визуелно ја задржува својата елегантна, издолжена форма.

5 (1)

Како одговор на можноста оваа оптичка илузија да ја загрози шумската фауна, како што се птиците што би можеле да удрат во неа, архитектите наведуваат дека алуминиумските рефлектирачки панели што се користат овде како вентилирана фасада, поради белгиската клима поголемиот дел од денот прекриени се со кондензација и не рефлектираат целосно. Кондензацијата се слева во вертикални ленти и создава разлика, видлива од непосредна близина, помеѓу огледалото и околната природа.

01 (1)

Ентериер во топли тонови и природни материјали

Масивните бетонски ѕидови само на прв поглед изгледаат како случајно поставени. Тие ги дефинираат односите помеѓу надворешниот и внатрешниот простор, како и функционалното уредување во ентериерот.

На вкупна површина од 270 квадратни метри, внатрешниот распоред е направен така што има доволно простор за дружење и собирање на сите генерации, но и да се обезбеди мир и приватност таму каде што е потребно.

04

На приземје се кујната, трпезарија и дневна соба. Големите стаклени површини нудат неверојатен поглед на шумата и даваат чувство на длабока поврзаност со природата.

Со плакари и ѕидови обложени со ореово дрво, овој простор е проектиран да биде топол и привлечен. Топли тонови, природни материјали и удобен мебел кој потсетува на стилот на 60-тите создаваат идеална средина за поминување време со семејството и пријателите.

03

На другиот крај на зградата се наоѓа домашната канцеларија и главната спална соба, со гардеробер и сопствена бања. Во приземјето има и перална и просторија за складирање.

Визуелните и просторните интеракции помеѓу непосредната околина на куќата, бетонот и стаклото, надополнети со неочекуваната рефлексија на фасадата од огледала, и даваат на оваа куќа безвременски изглед и ја прават достоен наследник на првобитниот проект.

1 (2) 4 (1) 06 07

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top