Насловна / Вести / „Првата железна дама“: Уште една тајна откриена при реставрацијата на Нотр Дам

„Првата железна дама“: Уште една тајна откриена при реставрацијата на Нотр Дам

Во средината на 12 век започната е изградбата на катедралата Нотр Дам во Париз, која во тоа време се сметала за највисок храм – со висина од 32 метри. Со децении наназад се сугерирало дека ова достигнување е возможно благодарение на некои архитектонски новини кои биле воведени при изградбата на монументалното здание. И изгледа дека сите оние кои го тврдеа ова биле во право, но и дека постојат уште многу тајни кои катедралата ги крие.

1 (1)

Бидејќи Нотр Дам претрпе огромни штети по разорниот пожар во 2019 година, многу експерти работат на тоа да го вратат нејзиниот поранешен сјај. За време на реставрациските и работите на реконструкцијата, се дојде до многу откритија, а последното во низа сугерира дека за време на изградбата биле користени железни појачувања.

4

Откривање на илјадници железни „спајалици“

Кога истражувачите предводени од Максим Л’Херитие од Универзитетот во Париз 8 првпат ги виделе, не знаеле на кој период да ја припишат употребата на огромен сет на железни „спајалици“. Затоа се обиделе да одговорат на неколку прашања: дали биле користени за време на првобитната градба или биле користени многу подоцна, како на пример за време на реставраторските работи нарачани во 18 век, или дури и од архитектот Ежен Виола ле Дик, кој ја реконструирал катедралата во 19 век.

5

Затоа, 12 од нив биле подложени на хемиски, микроскопски и архитектонски анализи, а шест од нив биле радиокарбонски датирани. Оваа последна анализа укажала дека Нотр Дам навистина била првата готска катедрала во која се користени железни појачувања за спојување на камењата и на тој начин се создавале нови архитектонски форми. Досега се сметаше дека првите катедрали во кои се користело железо за појачување на конструкцијата се оние во Шартр, Бурж или Ремс, изградени на почетокот на 13. век.

2 (1)

„Првата железна дама“, како што сега ја нарекоа научниците, открила многу интересни податоци за употребата на овој материјал во средниот век, како и многу релевантни податоци за трговијата и ковањето на железо во галскиот главен град во текот на 12. и 13. век. Всушност, анализата покажува дека железото потекнува од најмалку шест различни места.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието PLOS One.

3 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top