Насловна / Архитектура / Куќа покрај езеро

Куќа покрај езеро

Харизматична куќа на само 30 метри од езерото Минетонка во Минесотa, САД.kuca-pored-jezera-1 (12)

Едноставна, паметна и чиста архитектура и внатрешен дизајн со модерен изглед. Изгледот од далеку е сензационален, но во природа сè е едноставно. Комбинацијата на дрво и камен на фасадната архитектоника доловува амбиент на добредојде кое продолжува во ентериерот на куќата. Тоа особено се нагласува со специфичното кровно решение кое ја штити главната тераса- местото за собирање и дружење со природата.kuca-pored-jezera-1 (10) (1)

Фокусот на ентериерното решение е во формирање на отворен заеднички простор во кој влегуваат дневниот престој, трпезаријата и кујната, со можност за одвојување со стаклени лизгачки врати од под до плафон. Куќата е со три спални соби и работна просторија. Изборот на ентериерните детали и мебелот е во потполна хармонија со архитектонскотo решение и со отвореноста на куќата кон околината, особено кон езерото. kuca-pored-jezera-1 (7)kuca-pored-jezera-1 (8)kuca-pored-jezera-1 (5)kuca-pored-jezera-1 (2)kuca-pored-jezera-1 (11)kuca-pored-jezera-1 (3)kuca-pored-jezera-1 (13)

Нема ни потреба за премногу опис. Фотографиите кажуваат сè. Совршено место за релаксација…kuca-pored-jezera-1 (9)

Испрати коментар

Scroll To Top