Насловна / Архитектура / Kуќа подигната за 10 дена

Kуќа подигната за 10 дена

На езерото Балатон во Унгарија има монтажна дрвена куќа од 32 квадратни метри, на која се додадени капсули во кои се сместени спалните соби и бањата.

kuka

Објектот наречен Гранд Кабин, чиј проект е потпишан од Hello Wood Studio, е дизајниран да обезбеди доволно простор во овој релативно мал простор за поголем број луѓе да функционираат. Идејата била лесно и брзо да се направи куќа за организирање забави далеку од градската врева.

kuka1

Иако, дизајнот на куќата и неговата форма се инспирирани од планински домови во чешки стил (покрив до под), во оваа унгарска средина – на рид над езерото Балатон – тие сепак се вклопуваат добро.

Куќата е изградена од монтажни, нарачани, дрвени панели од „Berger Houses“, кои се комбинираат со големи транспарентни прозорци, благодарение на што викендичката нуди прекрасен поглед на околната природа, пишува Amazing architecture.

Благодарение на ваквиот пристап кон градежништвото, целиот објект била подигнат во рекордно време – за само 10 дена.

kuka2

Куќата од 32 квадратни метри е дизајнирана да собере осум лица, но може пријатно да прими дури дваесет лица при организирање забава.

Кога влегува во куќата, корисникот ќе најде целосно отворен план. Сепак, куќата има капсули во форма на кутија од страните, во кои се сместени две спални соби и бања.

kuka3

Бањата и спалните соби се директно поврзани со централниот простор на куќата, и на овој начин е вткаен еден од клучните аспекти на камповите Hello Wood – бришење на границите меѓу заедничките и приватните простори.

kuka4

Во куќата има едноставен, но ефективен ентериер во кој доминираат дрвени површини кои се визуелно разбиени од разнобоен мебел и теписи.

Постои бања во сината капсула, и блок за спиење во црвената.

kuka5

Испрати коментар

Scroll To Top