Насловна / Архитектура / Пивница „Mad Giant“ во центарот на Јоханесбург

Пивница „Mad Giant“ во центарот на Јоханесбург

Пабот и ресторанот „Mad Giant“ во центарот на Јоханесбург се дизајнирани како израз на посебната идеологија на брендот, кој, исто како и на грбот на џинот, се издигна со обединување на науката и „забраната“ од традиционалниот вкус и пијалокот од хмељ. Просторот со разиграни детали од џиновски размери, е завршен во 2016 година и го носи потписот на врвниот дизајнер Халден Мартин. Љубителите на пивото овде може да ја доживеат авантуристичката филозофија на брендот, уживајќи во прославата на различните вкусови на пивото и нескротливата креативност на опкружувањето.

pivnica

За да се разбере посветеноста на врвниот квалитет, доволно е да се каже дека овој бренд користи многу скапа и долготрајна техника на суво додавање на хмељот која дава многу богата арома.

Секој детал од брендот е натоварен во просторот на гигантски и малку незгодни димензии, силни акценти, духовити комбинации и дијаметрално различни елементи. „Mad Giant“ претставува „мал човек доволно храбар да сонува и да направи нешто лудо“, вели Ебен Ујс, млад хемиски инженер и соосновач на бренодот.

pivnica1

Не е ни чудо што изборот на дизајнерот кој требало да го материјализира храбриот, младешки дух на брендот во просторот падна на врвното име. Со овој проект, Халден Мартин успеал да постигне единствен продор во индустриската историја со живописната разиграност на хипермодерната инсталација.

pivnica2

Пиварницата се наоѓа во рамките на низата обновени стари магацини во Фереирасдорп, историскиот кварт во Јоханесбург, поточно во напуштена фабрика за лифтови. Внатрешноста со своите отворени простори, кои се влеваат едни во други без пречки, силно го рефлектира слободниот, авантуристички дух и возбудливите детали – тенденцијата за експериментирање вообичаена за дизајнерот и брендот што го ангажираше.

pivnica3

Внатрешниот концепт се потпира на малку луд начин на размислување. Џинот, скулптура висока седум метри изработена од цинк исечен на ласер, како совршена маскота на брендот, претставува централна инсталација што доминира во просторот. Осветлено од таванот, зрачи од секој агол.

Фигурата на „Mad Giant“ е трансформирана во нов графички идентитет на марката – од етикети на шишиња со пиво до други елементи на графички дизајн. Огромните димензии на скулптурата не само што се интересен дизајн, туку ја раскажуваат и приказната за овој град и бројните дојденци од целиот свет кои сонуваат големи соништа.

pivnica4

Директно под џинот се наоѓаат два бетонски барови со дијаметар од шест метри во форма на затворач за шишиња за пиво, а од славините течат реки од ладно пиво. Во задниот дел на пиварницата има три поедноставни бетонски барови за дегустација на пиво.

pivnica5

Мебелот е специјално дизајниран за овој простор и вклучува оригинални парчиња од Халден Мартин. Сè потсетува на џиновски играчки претворени во мебел – барови, столови кои наликуваат на предимензионирани „Мекано“ гарнитури или парчиња во дворот инспирирани од механички играчки за преклопување. Џиновските мурали, кои се неизбежни во овој индустриски простор, дополнително го оживуваат просторот со својата разиграна, детска естетика.

pivnica7

Во „Mad Giant“ не се доаѓа само за добро пиво. Внатре е ресторанот „Урбанологи“, кој нуди авангарден обрт на азиска улична храна, базирана на умами вкусови (пет јапонски вкусови – но тие не се ниту солени, ниту слатки, ниту кисели, ниту горчливи) во фузија со тапас стилот. Се разбира, сето ова е совршено поврзано со свежо наточено пиво.

Сончевиот Јоханесбург не може да се замисли без градина, па дури ни овој паб.

pivnica8

Различни формации за седење во ресторанот и пабот овозможуваат формирање на разни друштва, од групи пријатели, преку стекнување нови со пиво во барот, до семејни собири. На целиот простор од 1.100 квадратни метри, дизајнерот играл во големи размери, а резултатот е авангарден, креативен, но и гостопримлив индустриски простор, идеален за чаша пиво со стари пријатели.

pivnica6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top