Насловна / Вести / 13 најрадиоактивни локации во светот

13 најрадиоактивни локации во светот

Изложеноста на радијација е дел од секојдневниот живот. Секако, станува збор за мали дози на радиоактивно зрачење. Но, локациите кои Ви ги презентираме во продолжение се најрадиоактивните места во светот,  па живеењето таму е навистина опасно. Редоследот нема значење во однос на интензитетот на радиоактивноста.

1. Нуклерана електрана Fukushima Daiichi, Јапонија

Кога во 2011 година ова подрачје истовремено беше погодено од земјотрес со магнитуда од 9,1 степени и цунами, се случи најголемата нуклеарна катастрофа после Чернобил. Иако постројката одолеа на земјотресот, цунамито кое што следеше беше фатално. Настанот предизвика откажување на пумпите за ладење, што резултираше во протекување на радиоактивност и контаминација на Тихиот Океан. Иако постројката е затворена, сеуште сериозни количини на радиоактивно зрачење се емитуваат во околината. Се проценува дека ќе бидат потребни четири децении за комплетно декомисионирање на електраната.

fukushima

2. Чернобил, Припјат, Украина

Во април 1986 година, една од најголемите нуклеарни катастрофи го шокираше светот. Настанот се случил за време на тестирање на сигурносните системи на блокот. Резултатот е експлозија на пареа и пожар. Радиоактивниот материјал за брзо време е разнесен низ тогашниот СССР и делови од Европа. Се проценува дека околу 5 милиони луѓе во поранешниот Советски Сојуз биле изложени на радијација, и утврдено е дека кај таа груша на луѓе има значително повисока стапка на заболувања од канцер и повисока стапка на смртност.

pripjat

3. Semiplataninsk test site (The Polygon), Казахстан

За време на Студената војна, СССР го користел ова место за тестирање на нуклеарно оружје. Се проценува дека овде се извршени околу 450 нуклеарни проби во перидот помеѓу 1949 и 1989 година. Полигонот е затворен во 1991, а за влијанието на радиоактивното зрачење врз локалните жители долги години воопшто не се зборувало.

the polygon

4. Hanford Site, Вашингтон, САД

И оваа локација одиграла значајна улога за време на Студената војна. Имено, станува збор за погон за производство на плутониум за нуклеарниот арсенал на САД. Овде е добиен плутониум за околу 60.000 единици нуклеарно оружје, вклучувајќи го и плутониумот искористен за бомбата Fat Man, фрлена врз Нагасаки во 1945 година. Иако веќе не е во употреба, локацијата сеуште е извор на огромни количини нуклеарен отпад, а со неа управува US Department of Energy. Најголем дел од нуклеарниот отпад е закопан под земја, и големи површини на подземни води се контаминирани.

Hanford_Site

5. Сибирски хемиски комбинат, Северск, Русија

Уште еден погон за нуклеарен материјал за советската нуклеарна програма. По падот на СССР, во 1999 година, комбинатот запрел со производството на плутониум и високо збогатен ураниум, па денес е главно место за складиштење на нуклеарни материјали за оружје. Денес постројките се и натаму активни, и ја снабдуваат Русија со ураниумово гориво, а обезбедуваат и збогатен ураниум за странски клиенти.

seversk

6. Рударско – хемиски комбинат, Маилуу – Суу, Киргистан

Маилуу – Суу во Киргистан, никогаш не бил полигон за нуклеарни проби, нити нуклеарна електрана, туку природно богат извор на ураниум. Во време на Студената војна, овде се изведувале интензивни рударски активности, кои зад себе оставиле огромни количини на нуклеарен отпад, од кој значителен дел е над површината. Регионот е подложен на сеизмичка активност, па постои опасност нуклеарниот отпад да заврши во водотеците, контаминирајќи ја водата која ја користата илијадници луѓе.

Mailuu

7. Брегот на Сомалија

Постојат гласини дека една италијанска криминална организација го злоупотребувалa незаштитеното подрачје на брегот нa Сомалија за илегално исфрлање на нуклеарен отпад и друг токсичен отпад, и дек тоа траело со години. UNEP (United Nations’ Environment Program) верува дека нуклеарниот отпад разоткриен во 2004 за време на едно цунами, може да датира уште од деведесеттите години на минатиот век.

somalia

8. Институт за радиотерапија, Гојас, Бразил

Овој Институт бил предмет на грабеж, по што што е ослободен цезиум 137 од напуштената клиника. Инцидентот се случил во септември 1987 година. Потврдени се четири смртни случаи, а околу 250 луѓе биле изложени на серизони нивоа на радиоактивно зрачење. Операцијата на расчистување вклучувала и уништување на неколку куќи и трајно раселување.

goian

9. Sellafield, Велика Британија

Во ова место се произведувал нуклеарен материјал за нуклеарната програма за вооружување на Велика Британија во текот на Студената војна. Денес се користи за репроцесирање на нуклеарно гориво. Се наоѓа во близина на селото Seascale, на брегот на Ирското море. Sellafield е првата комерцијална нуклеарна централа во светот, но тој дел сега е комплентно затворен и демонтиран. Сепак, постројката ослободува 9 милиони литри контаминирана вода на дневна основа, па Ирското море е едно од најрадиоактивните во светот.

sellafield

10. Мајак, Русија

Мајак во Русија бил еден од главните постројки на земјата за производство на плутониум. Овде се случил еден од најголемите светски нуклеарни инциденти, класифициран како ниво 6 на Меѓународната скала на нуклеарни настани. Станува збор за трета најкатастрофална нуклеарна несреќа во историјата. Ослободени се над 80 тони радиоактивен отпад врз површина од над 52.000 квадратни километри. Настанот се случил во 1957 година и држен е во тајност се до седумдесетите години на минатиот век.

mayak

11. BOMARC site RW-01, Њу Џерси, САД

BOMARC Site RW-01 е анекс на воздухопловната воена база McGuire. Во 2007 година, оваа локација е идентификувана како една од најконтаминираните бази од страна на американската EPA (Environmental Protection Agency). Во јуни 1960,  во  пожар е уништена една нуклеарна боева глава, а радиоактивниот материјал е разнесен врз поширокото подрачје. Иако активностите за ремедијација се покренати веднаш, сепак до денес подрачјето е сеуште контаминирано.

bomarc

12. Church Rock Uranium Mill,  Њу Мексико, САД

Church Rock Uranium Mill во Њу Мексико, бил место на случување на еден сериозен настан на контаминација на животната средина. Во 1979 година, илјадници тони радиоактивен отпад завршуваат во блиската река. Контаминацијата се проширува низводно 130 километри, стигнувајќи до Аризона. Локалните жители кои ја користеле реката за рекреација, страдале од ефектите на изложеност на радијација, а угинале цели стада на овци и говеда. Реката и денес е контаминирана.

church rock

13. Fort d’ Aubervillers, Париз, Франција

За време на дваесетите и триесетите години од минатиот век, Фредерик и Ирен Жолио Кири,  вршеле научни истражувања во Fort d’ Aubervillers, односно екпериментирале со соли од радиум 226. Подоцна, на истата локација се вршени екперименти и од страна на француската армија со цел да ги поддржи своите нуклеарни тестирања во Алжир. Сето ова предизвикало сериозна контаминација. Обидите за деконтаминација започнале во деведесетите години на минатиот век, кога се пронајдени значителни количества на цезиум 137 и радиум 226 сеуште присутни на локацијата после толку изминати години. Во 2006 година откриени се и нови контаминирани подрачја на пошироката локација, а во истиот период весникот Le Parisien објавува за повисока инциденца на канцер во оваа област.

 

fort-daubervillier

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top