Насловна / Архитектура / Куќа обвиткана околу дрвја

Куќа обвиткана околу дрвја

Неконвенционалната конструкција и иновативната архитектура станаа наша реалност.

На езерото Тахо е изградена многу интересна колиба околу дрвјата кои постојат таму со децении.

kuka

Прекрасната колиба покрај езерото има уникатен изглед, и користи природна светлина за да ја пополни нејзината внатрешност. Дизајнирана и изградена од студиото Joongwon Architects, оваа колиба минимално го нарушува изгледот на околината во која се наоѓа. Изградена околу постојните дрвја, го добила обликот што го наменила природата за тоа. Така, архитектурата дава наклон на природата, спојувајќи се со неа.

kuka1

Lightus Retreat е името што го носи колибата, а при дизајнирањето, студиото немало намера да ја наруши природата на кој било начин, особено не за доброто на луѓето, со поставување на оваа викендичка. Оддалечувајќи се од традиционалните симетрични и компактни начини што ги нуди архитектурата во смисла на правење планови за куќи, од студиото сакале да создадат уникатна куќа што „живее“ во тандем со природата. Обвиткувајќи ја куќата околу дрвјата, крајната конструкција има неправилна аголна форма, што привлекува внимание.

kuka2

Додека се шета низ оваа необична куќа покрај езерото, се чувствува неверојатната динамика што владее меѓу нејзините sидови, тесните ходници и отворените површини. Архитектите објаснуваат дека колибата била организирана според конфигурацијата на кровот, а не според распоредот на просториите во него, односно дека распоредот на боровите всушност одлучил како ќе се нацртаат кровните површини, а потоа и просториите под нив. Внатре, тесните коридори водат до простории преплавени со светлина, имитирајќи го протокот на тесни реки што се влеваат во езера.

kuka3

Сибирскиот ариш се користел за покривање на надворешноста на куќата, а понатаму е поврзан со краевите од поликарбонат со цел да се посочи идниот континуитет на овој вид архитектура.

kuka4

kuka5

kuka6

Испрати коментар

Scroll To Top