Насловна / Архитектура / Библиотека во Португалија која создава патеки на откривање

Библиотека во Португалија која создава патеки на откривање

Белите и чисти блокови на оваа библиотека и општинска архива испрекинати се со големи дупки и создаваат „патеки на откривање“ внатре во зградата во Грендола, Португалија.

1_resize

На библиотеката и општинската архива на Грендола, комплекс, проектиран од две архитектонски бироа Matos Gameiro Arquitectos и Pedro Domingos Arquitectos, се пристапува преку низа на палми кои ја сочинуваат структурата на реновираниот плоштад Praça da República.

6_resize

7_resize

Новиот комплекс е прочистен од сите контрадикторни елементи од неговата околина и има за цел да обезбеди помирен поредок. Овој плоштад е централното место на градот и епицентарот помеѓу општинската градина на југозапад, и градината на портокаловите дрвја на исток.

н_resize

Целата структура изгледа како лесно обликуван замок, кој е природно вклопен во своето опкружување, со мазни и перфорирани масивни sидови. Иако се чини како интровертна структура, посетителите можат да влезат и да бидат дел од дворот на комплексот.

„Новиот објект претставува дел од плоштадот. Поради својот размер и програма тој е референтен елемент кој контрира на урбаната бесконечност. Во оваа смисла, нашата желба беше да го разјасниме присуството на зградата на плоштадот, да ја направиме јасна, убедлива и препознатлива и да ја вклучиме во мрежата на улици преку создавање на континуитет помеѓу предниот дел на плоштадот и внатрешните простори на зградата“, велат архитектите.

3_resize

2_resize

Посетителите влегуваат преку конвенционален наткриен дел, која ја сочинува главната просторија на зградата и овозможува пауза која и претходи на функцијата, момент кога движењето ќе се смири и бучавата ќе биде заменета со нежен звук на проточна вода во фонтаната, што го означува пристигнување.

15_resize

4_resize

Архитектите проектирале галерии околу централниот двор кои генерираат патеки и промовираат постепено прилагодување на обемот на објектот. Овие патеки исто така имаат улога на заштита и сенка и го водат патот околу терен со чакал и стебла на дрвото Јacaranda кои се тамо засадени.

12_resize

11_resize

„Поради својата природа и размер, овој простор, геометриски поставен во урбаниот комплекс, го одредува фундаменталното место и овозможува појава на најразлични настани, надополнувајќи го и проширувајќи го опсегот на референтната програма, која овде гравитира околу ограден простор отворен кон небото – доле, приемен простор, заеднички простории за изложби и презентации и читална за деца; горе, архивски простории и читална за возрасни со излез на тераса, со поглед на плоштадот“, велат архитектите.

14_resize

16_resize

Архитектонскиот јазик на зградата се заснова на апстрактна форма на дебели sидови и јужната белина. Со оваа комбинација се постигнува тајна и се создаваат патишта на откритија, впрочем како и книгите со кои е исполнет објектот.

13_resize

10_resize

17_resize

19_resize

18_resize 1кат_resize 2кат_resize пр_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top