Насловна / Архитектура / Кралски јубилеј: Британците го преиспитуваат архитектонското наследство на Елизабета Втора

Кралски јубилеј: Британците го преиспитуваат архитектонското наследство на Елизабета Втора

Оваа година, Kралицата Елизабета Втора стана првиот британски монарх кој го прослави платинестиот јубилеј, одбележувајќи 70 години од нејзиното стапување на тронот.

Во времето на нејзиното крунисување, далечната 1952 година – прва церемонија од ваков вид што беше емитувана на телевизија – новинарите и ТВ коментаторите зборуваа за „новата елизабетанска ера“ која ќе ја оживее Британија по мрачниот повоен период.

1

Денес, седум децении подоцна, прославата на оваа годишнина беше добра можност за многу британски медиуми да го разгледаат наследството на кралицата во областа на културата, технологијата и архитектурата во Обединетото Кралство.

Катедралите ги заменија облакодери

Во педесеттите години на минатиот век, на почетокот на нејзиното владеење, со британскиот пејзаж воглавном доминираа цркви, замоци и палати, како најрепрезентативни архитектонски форми, пишува ArchDaily.

Според „Гардијан“, во 1952 година, кога кралицата дошла на тронот, највисоката зграда во Британија била катедралата Свети Павле, изградена кон крајот на 17 век.

2

Сега, по 70 години од владеењето на Елизабета Втора, хоризонтот на Лондон се карактеризира со деловни облакодери, од кои многу се високи над 150 метри.

Може да се каже дека овој период се карактеризира со завршување на градење ниски објекти, но и покрај драматичните промени, терминот „нов елизабетански стил“ не се споменува често кога се опишува архитектонскиот развој на Велика Британија.

Потребни се многу различни термини и концепти за точно да се опише архитектонското опкружување во Британија.

3

Додека многу познати згради се изградени за време на владеењето на Елизабета Втора, естетиката на различноста значи дека се уште се потребни многу различни термини и концепти за прецизно да се опише архитектурата во Британија во овој период.

„Не можам да замислам термин или аргумент кој би го поврзал сето ова. Таканаречената „нова елизабетанска архитектура“ само го избегнува ова прашање и претставува отстапување од стилските класификации на историската британска архитектура, кои беа кохерентно поврзани со монархијата“, изјави за Економист, Стенфорд Андерсон, професор по историја и архитектура на Технолошкиот институт во Масачусетс.

4

Доминантен брутализам од 70-тите

Еден од најдобрите примери за ова е кралицата Елизабета Прва, која го даде своето име на стилот кој претставува извонреден период на напредок за Англичаните и ја одразува ренесансата во континентална Европа. Спротивно на тоа, второто елизабетанско доба може да се опише само како плуралистичко.

Модернизмот го одбележа повоениот период во Англија, особено со неговата варијација – брутализмот, кој беше доминантен архитектонски стил за новите станбени населби во Британија во текот на 70-тите.

5

Меѓутоа, во 1980-тите, британските инвестиции во јавни и општествени згради се намалија, а со самото тоа се намали и влијанието на државата на архитектонската агенда.

Архитектурата на приватниот капитал влијаеше на имиџот на развојот на Велика Британија. Стаклените и челичните кули сега почнаа да го дефинираат изгледот на големите градови во земјата.

Новите архитектонски дела – како што е „Gherkin“ на Норман Фостер или „Shard“ на Ренцо Пиано – воглавном немаат врска со архитектонската традиција на Англија, туку имаат за цел да создадат глобално препознатлив имиџ и да го стимулираат локалниот економски раст.

6

Дискретно влијание врз изградената средина

Според британските медиуми, со оглед на забрзаниот и разновиден развој на британскиот архитектонски пејзаж во изминатиот период, многу е предизвикувачки да се одреди влијанието и наследството на кралицата Елизабета Втора во оваа област.

Од една страна, додека нејзините предци го запечатиле своето наследство нарачувајќи палати, катедрали, па дури и цели градови, може да се каже дека актуелната кралица била дури и дискретна во изразувањето интерес за директно влијание на изградената средина.

7

Од друга страна, нејзиниот син и наследник, Принцот Чарлс, веќе се покажа погласен по ова прашање. Сепак, неговите интервенции и наклонетост кон манирите на другите епохи предизвикаа бројни дебати во архитектонските кругови.

ArchDaily наведува дека владеењето на монарсите обично се памети по состојбата на општеството со кое владеат, но дека во овој случај можеби е се уште малку рано за сеопфатна проценка.

Генерално гледано, се заклучува, Британците во иднина би можеле да го ценат владеењето на Елизабета Втора како ера на напредок, иновации и континуирано подобрување на секојдневните комодитети.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top