Насловна / Архитектура / Корејскиот павилјон на EXPO 2020, инспириран од е-отпадот

Корејскиот павилјон на EXPO 2020, инспириран од е-отпадот

SuperSpatial се еден од шесте финалисти за павилјонот на Јужна Кореја за Expo 2020 во Дубаи. Нивниот дизајн ја истражува иднината на е-отпадот во архитектурата која повторно би искористувала илјадници истрошени компјутерски делови како конвенционален материјал. Обликуван како амфитеатар за привремени настани, проектот го користи Expo како одлична прилика да поттикне размислување за проблемот со е-отпадот, користејќи го павилјонот како критичен медиум. На проектантскиот тим од Милано му се приклучил и корејскиот архитект Joon Ma, и нивниот заеднички проект доби извонредни критики. Тимот објаснува дека инспирацијата во е-отпадот ја нашле во фактот што Кореја е една од водечките земји во светот по производство на електронски компоненти и потрошувачка електроника. Со намера да ја прикаже невидливата инфраструктура која ги поврзува луѓето, павилјонот е конципиран така што ја презентира поврзаноста помеѓу дигиталното и физичкото инженерство во креирањето на идната реалност.

korea1

korea2

korea3

korea4

korea5

korea6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top