Насловна / Вести / Во Бангкок, со вода против загадувањето на воздухот

Во Бангкок, со вода против загадувањето на воздухот

Соочени со бројните критики на јавноста поради големото загадување на воздухот, властите во главниот град на Талјанд одлучиле да се обидат да се изборат со проблемот преку распрскување на вода над градот. Голем број беспилотни летала, дронови и мали авиони фрлаат вода со наде дека ќе го ублажат проблемот. Градските власти одлучиле на една седмица да затворат над 400 училишта.  Освен распрскувањето на вода, авионите испуштат и хемикалии кои предизвикуваат врнежи, со оглед дека врнежите се реткост во овој град. Концентрацијата на цврсти честички која го вклучила алармот за вакво дејствување била меѓу 80 и 100 микрограми по кубен метар. Според властите, загадувањето е последица од градежните активности и сообраќајот односно автомобилите.

bangkok1

bangkok4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top