Насловна / Вести / Конечно на улицата „Орце Николов“ тротоарите на пешаците

Конечно на улицата „Орце Николов“ тротоарите на пешаците

Денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го презентираа проектот за реконструкција на улицата „Орце Николов“.

орц4
Според проектот кој го опфаќа потегот од крстосницата со булеварот „Климент Охридски“ до улицата „Рузвелтова“ се предвидува наместо на тротоарите колите да се паркираат паралелно од двете страни на улицата. Со ова ќе им се овозможи на пешаците да се движат по тоа што е за нив и наменето – тротоарите, а не како до сега тие да се движат по улица, затоа што возилата се на тротарите и се платени паркинзи.

орц2
На крстосницата на улицаите „Ленинова“ и „Орце Николов“ ќе се изведе кружен тек.
„Со реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ почнуваме да го средуваме сообраќајниот хаос кој го наследивме. Ќе се реконструира коловозот со површина од 9.330 метри квадрати. На селектирани локации ќе се изврши подигнување на улицата, односно ќе бидат поставени пет подигнати премини кои ќе служат како легнати полицајци и ќе придонесат кон нормализирање на брзината на движење на возилата. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри.“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

орц1
Сега на уллицата, т.е. тротоарите има 180 паркинг места, а со новото решение ќе се намалат на 80.
Градоначалникот на Општина Центар напомена дека проектот ќе биде изложен во Општината и на веб страната и ќе можат граѓаните да го видат и да дадат забелешки, па потоа ќе се распише тендерот.

орц3

Испрати коментар

Scroll To Top