Насловна / Вести / Компанијата Tesla до септември е можно да има функционален хуманоиден робот

Компанијата Tesla до септември е можно да има функционален хуманоиден робот

Неодамна основачот и директор на компанијата Tesla, Илон Маск, соопшти дека настанот  Tesla AI Day се поместува од 19-ти септември на 30-ти септември, во надеж дека функционалниот прототип на хуманоидниот робот ќе биде спремен за претставување.

teslarobot1

Optimus или Optimus Subprime е хуманоиден робот кој Маск го најави во текот на Tesla AI Day во август 2021 година, а тој ја претставува визијата ан милијардерот за робот кој ќе може да извршува здодевни и повторувачки операции. Маск и во април годинава ја постсети јавноста за овој проект, на настанот по повод отворањето на фабриката за електрични автомобили во Остин, Тексас. Првата верзија на Optimus би требало да започне да се произведува во 2023 година. Optimus ќе биде висок 1,7 метри и 56,6 килограми, а ќе се произведува од лесни материјали. Главата на роботот ќе биде опремена со исти камери какви што користи и автопилотот кај електричните автомобили на оваа компанија. Ќе може да носи товар до 45 килограми, а неговата максимална брзина на движење ќе изнесува 8,04 km/h. Неговата цена ќе биде над 10.000 долари.

teslarobot2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top