Насловна / Архитектура / Coral Pavilion во Нигерија со чисти линии и едноставна геометрија

Coral Pavilion во Нигерија со чисти линии и едноставна геометрија

Нигериското проектантско биро cmDesign Atelier на архитектот Tosin Oshinowo изработило проект за целосно бел минималистички павилјон на полуостровот Лагос, Нигерија, до кој може да се пристапи само со брод од средиштето на градот.

Agaja Beach House

Наречен Coral Pavilion, павилјонот од 310 квадратни метри проектиран е за клиент кој сака да избега од напорниот живот во градот и да го најде мирот во павилјонот.

Agaja Beach House

Нудејќи впечатливо и минимално присуство, линеарниот павилјон е проектиран да обезбеди целосно пријатно чувство и во затворено и на отворено, со удобност на дневна соба, во простор кој е во голема мера отворен, со драматични погледи и струење на воздухот кое пријатно разладува.

Agaja Beach House

Куќата, која се протега во линеарен распоред, се состои од кујна на источната страна, голема трпезарија во центарот, тоалети на западната страна, мини бар, голем простор за седење, туш на отворено, лежалки и отворен базен.

Скалите поставени на западната страна овозможуваат качување на кровот на куќата каде се  доживуваат прекрасните глетки.

Agaja Beach House

Куќата е замислена „како простор за собирање далеку од френетичната енергија на Лагос“, вели Tosin Oshinowo.

Куќата се одликува со чисти линии, едноставна геометрија, меки бои и елегантен простор кој дава чувство дека е вгнездена на оддалечен, природен остров – но се уште во границите на градот, служејќи како блиска, мирна станица за лесни еднодневни патувања.

Agaja Beach House

Архитектот го проектирал објектот за да ги искористи сите предности на насочениот ветер. Исто така бирото ја земало предвид и екваторијалната локација за да изгради простори каде што има впечатливи геометриски линии на сенките што сонцето ги создава во текот на целата година.

Agaja Beach House

Користејќи ограничена палета на бои, бојата станува клучна компонента на дизајнот во павилјонот од смирувачката вода на базенот до маслинесто зелените акценти во мебелот.

„Корално-розовиот партер околу базенот е во елегантен контраст со златно жолтиот песок на плажата“, додаваат од бирото.

Agaja Beach House

Agaja Beach House

Agaja Beach House

Agaja Beach House

Agaja Beach House

13_resize

14_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top