Насловна / Архитектура / Колективна одговорност: Се отвори БИМАС 2025

Колективна одговорност: Се отвори БИМАС 2025

Вчера на Светскиот ден на архитектурата во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје се отвори 22. издание на Биеналето на современа македонска архитектура – БИМАС 2025, во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) со тема Колективна одговорност.

Осврнувајќи се на почетоците на БИМАС, претседателот на ААМ, Валентино Константиновски, рече дека треба да „ги користиме мудростите и знаењето на нашите претходници, познавајќи го добро минатото, може да се предвидуваат работи и во иднината, бидејќи историјата се повторува“.

Валентино Константиновски, претседател на ААМ

„Денес, по точно 44 години постоење на БИМАС, можеме да се пофалиме со богато минато, минато за почит, кое уште повеќе нѐ обврзува да бидеме сé подобри и подобри, да бидеме најдобрата верзија од самите нас. Таа 44-годишна одисеја била исполнета со премрежја, успони, падови, но ете, сега сме тука, полни со елан за нови предизвици и искушенија, желни за соработка и постојана размена во повеќе правци. Колективна одговорност е главната тема на годинешното Биенале, но и колективен настап. Да останеме доследни и цврсти, да не отстапуваме од идејата и зададените насоки за здружување и спроведување на заедничките интереси. Ние, архитектите, не треба да се гледаме како конкуренти, туку како потенцијални соработници. Во тој случај и поединечните резултатите ќе се подобрат. Тие се неизбежни“, рече Константиновски на синоќешното отворање.

Иван Мирковски, претседател на БИМАС 2025

БИМАС 2025 ќе се одржува до 20 октомври, а со предавања, на повеќе локации, ќе учествуваат и странски гости од повеќе европски земји.

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top