Европската вселенска агенција (ESA) и јужнокорејската управа за воздухопловство и вселена (KASA) потпишале меморандум за разбирање за подобрување соработката на 76-тиот Меѓународен астронаутски конгрес (IAC) во Сиднеј.
Спогодбата ќе им овозможи на агенциите да да ги користат заеднички расположивите капацитети. Меморандумот исто така ги покрива и идните подрачја за соработка, вклучувајќи ја и вселенската наука, истражувања, човечки екипажи во вселената и сл.

Ваквиот развој на настаните доаѓа откако ESA претходно оваа година започнала да разгледува опции за диверсификација и продлабочување на глобалните партнерства поради неизвесноста со буџетот на NASA и иднината на соработката со оваа вселенска агенција. Во фокусот на споменатото партнерство е проучувањето на астероидот Apophis пред неговата блиска средба со Земјата во 2029 година, како и на астероидот 3200 Phaeton.
Сега ESA чека на конечно одобрение за финансирање на мисијата на министерскиот состанок на државите членки во ноември.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија