Насловна / Вести / Коридор 10 конечно во целосна функција

Коридор 10 конечно во целосна функција

Овој месец беше отворен последниот дел од автопатското решение од коридорот 10 на територијата на Србија низ Грделичката Клисура. Коридор 10 како дел од паневропската мрежа на автопати додаден е на конференцијата во Хелсинки во 1997, а тоа е всушност автопатот „Братство и единство“ кој во СФРЈ почна да се гради далечната 1950 година.
Последната делница на овој автопат е со модерни и скапи решенија. Со цел да се совладаат овие 26 километри пробиени се два тунела, Манајле и Предајане, кренати се 33 мостови, изведена е регулација на коритото на Јужна Морава и стабилизација на косини и лизгање на земјиште каде што се јавија најголемите проблеми.

most

Мост „Врла“

Како најприменуван градежен материјал за изведба на овие конструкции се јавува бетонот. Поучени од искуствата за ранливоста на бетонот на различни механички, физички и хемиски агресии во текот на експлоатацијата, на овој проект беа применети неколку типови системи на заштита. Изборот на системот и степенот на заштита се изврши според усвоените национални нормативи за секоја позиција поодделно, но и во согласност со ЕН 1504-2 Материјали и системи за површинска заштита на бетонот.

Во најголем дел од објектите беа применети решенијата понудени од фирмата Адинг и тоа:

1. Заштитна облога на бетонски површини на мостовските конструкции, потпорни ѕидови и кај тунелите во делот на калота со акрилен премаз. Применет е Антикорозин ББ. Овој тип на заштита во последните години наоѓа сè поширока намена. Основна цел е да ја затвори површинската структура на бетонот и да го спречи процесот на карбонизација. Изложеноста на високи концентрации на CO₂ на објектите на патната инфраструктура ја намалува алкалноста на бетонот, а со тоа и заштитната улога на бетонот и појава на корозија на арматурата во АБ конструкции.
Заштитниот систем со Антикорозин ББ е во примена веќе 20 години. Со неговата примена се докажа дека кај објектите кои се заштитени во голема мера се зголемува циклусот на реконструкции и намалени се трошоците за одржување. Вредноста на чинење за изведба на ваква заштита кај мостовите се мери во промили од нивната вредност.
Покрај финансискиот бенефит од примена на овој тип на заштита, објектот добива унифицирана завршна површина по боја и текстура и значително дава вредност на неговиот завршен изглед.

most1

Примена на мостовски конструкции – целосно обложување на конструкцијата на мостот

galerija

Примена на галерија

potporni_z

potporen_z1

Потпорни ѕидови

2. Заштита на бетонски елементи непосредно покрај коловозот – бетонски заштитни бариери. Применет е производ Антикорозин РБ, антикорозивен премаз во боја, за заштита на бетонски површини, произведен врз база на синтетички /метакрилатни/ смоли и растворувачи. На овие објекти е применет во боја за сообраќајна сигнализација /RAL9016 i RAL 3020/.

potporen_z2

pat2

pat

Заштита на бетонски елементи

Разликата со заштитата опишана во првиот дел е што тука покрај заштитата од карбонизација се бара зголемена отпорност на соли и на механички оштетувања.

3. Заштита на пешачките патеки на мостовите и натпатниците. Во оваа позиција, покрај зголемената агресија од карбонизација, соли, механички оштетувања, се јавува задржување на вода, за што е потребна дополнителна зголемена сигурност од мрзнење и УВ-стабилност на облогата.
Во однос на експлоатационите барања облогата требаше да задоволи противлизгачка површина како и декоративна завршна обработка со стандардни и сигнални бои.

pesacki_pateki_detal

пешачки патеки

Применети производи и редослед на изведба:
• Епоксиден прајмер Адингпокс 1ПВ
• Кварцен посип Полнило С/Х – еден слој
• Премаз – глет на база на епоксиди и катран Адингпокс ТЕР
• Кварцен посип Полнило С/Х (0,3-0,8 мм)
• Метакрилатен завршен премаз Адингколор РФ – два слоја

Вака нанесениот систем предвидува импрегнација на бетонската подлога, изведба на епоксиден противлизгачки под со дебелина до 2 мм и завршен декоративен и УВ- стабилен премаз.
Овој систем веќе подолго време се применува на објектите од патната инфраструктура во Србија, а претходно е веќе докажан како успешен за оваа намена.

kamioni

епоксиден противлизгачки под

IMG_20190516_101202

Антикорозин ББ

pat3

Адинг систем за заштита на тротоари

4. Завршна заштитна облога во тунел. Во тунелот Манајле, со должина од 1.804 метри по две цевки, применето е комбинирано решение за завршна заштитна облога на секундарната бетонска подграда. На ѕидовите до висина од 4,5 метри изведена е заштита во бела боја со епоксиден малтер на водена база во дебелина до 1.5 мм. Применет е Адингпокс Аква, трокомпонентен водено епоксиден малтер во бела боја и завршен премаз Антикорозин ББ. Во делот на калотата е применет Антикорозин ББ во сива нијанса. Дополнително со овој производ е изведена и сигнализацијата на ѕидните површини во сигнално црвена и зелена боја.

ading_tunel

заштитна облога во тунел

Примената на епоксиден малтер со поголема дебелина е поради потребната издржливост на хемиски агресии, но и потребата од редовно чистење – одржување со ротациони четки и воден млаз под притисок. Во делот на калотата не се предвидени вакви интервенции поради што е применет производ за заштита од карбонизација, каде е и најинтензивна.
Покрај предвидените параметри за заштита според ЕН 1504-2, двата производи го задоволуваат високиот праг за пожарна класа: B –S1 d0.
Примената на овие системи за заштита на бетонските површини покрај својата основна функција на оваа делница ѝ дава дополнително чувсто на задоволсто и сигурност во патувањето.

tunel

tunel1
Современата Европска пракса при изведба на објекти од сообраќајната инфраструктура задолжително предвиува примена на материјали и системи за заштита на бетонот. Примената на ваквите системи овозможува со минимална инвестиција повеќекратно да се зголеми трајноста на објектите и да се елиминира потребата од нивно санирање. Бројни примери на заштита на бетонските конструкции во Република Северна Македонија ја потврдуваат наведената пракса, но и покрај тоа не се применети во целост во новите објекти.

tunel2
Како што беше илустрирано во примерите од Кориодорот 10, изборот на систем и материјали за заштита на различните објекти и конструкции се врши во зависност од степенот на нивната изложеност на Механички, атмосферски и хемиски влијанија. Еворопските норми кои ја дефинираат ова проблематика (ЕН 1504-2 Материјали и системи за површинска заштита на бетонот) се повеќе се прифаќаат и хармонизираат со домашната легислатива во државите во регионот.

Автор: Даниел ЦЕКОВ, дипл. град. инж.

Испрати коментар

Scroll To Top