Насловна / Вести / Кога не оди, не оди: Повторно откажанo лансирањето на Starliner

Кога не оди, не оди: Повторно откажанo лансирањето на Starliner

Иако NASA и Boeing во саботата требаше да го лансираат вселенското летало Starliner со екипаж, лансирањето е откажано само неколку минути пред закажаниот термин. Причините за овој потег засега не се соопштуваат. Овој пробен лет со екипаж, требаше да биде последен чекор потребен за да се покаже дека Starliner може безбедно да превезува астронаути од и до вселенската станица. Со оглед дека ова не е прво откажување на лансирањето, Boeing сега се соочува со нови проблеми, бидејќи буџетот за овој проект е веќе одамна надминат.

Starliner и порано имаше низа проблеми, а првиот е забележан уште во 2019 година, кога компанијата пријавила одредени проблеми со софтверот, што ја примора мисијата да го прекине патувањето пред капсулата да се спои со вселенската станица. Датумот за вториот обид за лансирање неколку пати е пролонгиран, а потоа е соопштено дека капсулата има проблем со вентилот за гориво.

NASA  ги стартуваше комерцијалните програми со компаниите SpaceX и Boeing уште во 2014 година, при што за изработка на леталото SpaceX тогаш добил 2,6 милијарди долари додека Boeing добил 4,2 милијарди долари за проектот. За разлика од Boeing чија реализација на проектот е сеуште во почетна фаза, SpaceX успешно ја заврши својата програма Dragon уште во 2020 година.

Испрати коментар

Scroll To Top