Насловна / Ентериери / КЛЕОПАТРА – декадентна када

КЛЕОПАТРА – декадентна када

Kleopatra kada_4
Како што Клеопатра се чувствувала како реинкарнација на Изида, божицата на љубовта, така секоја жена може кога сака да се почувствува како божица кога се капе во кадата наречена Kaldewei Cleopatra. Автори на оваа када се архитекти и дизајнери од Ippolito Fleitz Group.

Дизајнирана за да се создаде чувство на приватност и сигурност, оваа када е „прегратка“ која  овозможува вистинско релаксирање и уживање.

Таа е место каде што капачот има „контрола“ на својот простор, бирајќи дали ќе се релаксира во целосна приватност – или не, затоа што кадата „Клеопатра“ е доволно голема за двајца.

Дури и осветлувањето е впечатливо со своите редови на овални осветлени дискови, кои како да се „светлечка круна на божицата на љубовта“.

Kleopatra kada_3 Kleopatra kada_2 Kleopatra kada_1

Испрати коментар

Scroll To Top