Насловна / Вести / Нов административен објект на местото на „Геолошки“

Нов административен објект на местото на „Геолошки“

nov objekt na mestoto na geoloski
На местото на некогашниот Геолошки завод во центарот на Скопје ќе се гради нов административен објект во кој ќе се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Планираниот административен, деловен и комерцијален простор ќе биде со површина од 8.027 метри квадратни, ќе чини 431.408.000 денари или околу 7 милиони евра.

Објектот  треба да биде завршена во рок од 24 месеци.

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја одбрала понудата на градежната компанија „Бауер БГ“ меѓу петте доставени понуди на тендерот за изведба на градежните и градежно – занаетчиските работи.

Објектот ќе се состои од приземје и шест ката и ќе биде висок 25 метри. Стручниот надзор над градежните активности ќе го реализира фирмата „Евро Консалтинг“ од Скопје, која ќе добие 4.134.720 денари за извршената работа. Идејниот и основниот ревидиран проект за оваа зграда го подготви бирото „Архитектоника“ од Скопје, според идејното решение на Жарко Чаушевски.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top