Насловна / Вести / Кина во вселената лансираше робот кој ќе уништува отпад

Кина во вселената лансираше робот кој ќе уништува отпад

Кинески стартап кој планира да покретне вселенско рударство го лансираше своето прво беспилотно летало за чистење вселенски отпад од Кинескиот национален вселенски центар.

1

Роботот „Нео-01“, тежок 30 килограми, кој е конструиран од компанијата „Ориџин спејс“ од Шенџен, опремен е со мрежа со која ќе може да собира вселенски отпад и стари сателити, а потоа да ги запали со електричен погонски систем. Орбитата на Земјата преполна е со отпад и повеќе илјади сателити кои веќе не се во употреба и претставуваат голема закана за новите летала кои тргаат на пат кон вселената.

4

Доколку успее оваа операција, „Ориџин спејс“ ќе стане првата кинеска комерцијална компанија која ќе работи на чистење вселенски отпад.

Роботот на „Ориџин спејс“ е опремен и за набљудување на длабоката вселена со цел да ги анализира малите небески тела кои би можеле да се користат како вселенски рудници.

3

Компанијата планира да лансира уште неколку сателити за набљудување астероиди и други небески тела со намера до 2045. година да отпочне со експлоатација на руда од вселената, најави коосновачот на „Ориџин спејс“, Су Менг.

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top