Насловна / Вести / Кина предничи во изградбата на „офшор“ ветерни електрани

Кина предничи во изградбата на „офшор“ ветерни електрани

Глобалниот инсталиран капацитет на ветерните електрани на море достигна 48,2 GW до крајот на 2021 година,  што во споредба со 32,5 GW од 2020 година е годишен раст од 48,2%. Кина во овој сегмент на обновливите извори на енергија предничи во однос на остатокот од светот. Според новиот извештај на Светскиот форум за офшор ветерни електрани (WFO), поттикнати од екпанзијата на Кина, во текот на 2021 година, инвеститорите ширум светот пуштиле во погон рекордни  15.666 MW капацитет во нови ветерни електрани на море, во споредба со 5.206 MW во 2020 година. Во извештајот се истакнува дека Кина инсталирала нови 12,7GW ветерни електрани на море во текот на 2021 година. Многу компании побрзале да ги завршат своите проекти до крајот на годината, поради истекувањето на кинеското федерално субвенционирање за инсталирање на нови ветерни електрани на море.

wfo2

Извештајот открива дека 53 нови ветерни електрани на море се пуштени во работа во 2021 година ширум светот, од кои 45 во Кина, 3 во Велика Британија, 2 во Холандија, и по една во Данска, Тајван и Норвешка. Сега Кина е најголемиот светски пазар за ветерните електрани на море, со вкупно 19,7 GW инсталиран капацитет, речиси исто колку што заедно имаат Велика Британија  (12,3 GW) и Германија (7,7 GW). Денес, 40% од вкупниот инсталиран капацитет од овој вид во светот се наоѓа во Кина. Оваа земја предничи и според капацитетите на ветерни електрани на море, кои во моментот се во изградба -  7993 MW. Велика Британија е на второ место со капацитет од 2.990 MW во изградба, а потоа следуваат Тајван (2505 MW) и Холандија (2229 MW).  Во Германија, промената на регулаторната рамка за ветерните електрани на море во 2017 година, се одразува со застој во изградбата на нови капацитети втора година по ред.

wfo3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top