Насловна / Ентериери / Катче со префинети ноти

Катче со префинети ноти

Проектантски предизвик на „БИРОПРОЕКТ“ беше креирањето на „Студиото Теохаров“ во Скопје. Концептот на инвеститорот е да се уреди изложбен простор за звучници и засилувачи на звук, како и ѕидни часовници.DSC_0068

Идејата е да се направи простор кој ќе предизвика чувство на домашна атмосфера и амбиент каде ќе се слуша музика на аудио опрема дизајнирана и произведена во Македонија по највисоки High End аудио стандарди, како и избор на врвни часовници од Nomon и Оntime.DSC_0086

Интенцијата за добивање катче со префинети ноти, се доби преку употреба на современи комбинации од материјали, употреба на дијзанирани парчиња намештај, како и присуството на расвета која даде поинаква димензија на просторот.DSC_0059

Моментите на комфорност и уживање со бепрекорниот звук од аудио опремата, се надополнуваат со централно поставена софа и фотеља ориентирана кон звучниците и специјалниот принт кој дава нивен технички детал во реален размер.DSC_0054

Акцентирајќи ја потребата од лежерно уреден простор кој асоцира на дневен престој, со изработена библиотека направена од иверка со финиш даб во комбинација со метални профили, завеса  – поставена во функција на акустични барања, како и посебни катчиња за кафе муабет со соодветни ѕидни облоги разиграни со уметнички фотографии го дополнуваат просторот и му даваат една целина со свој идентитет.DSC_0046 DSC_0026 DSC_0037

Ентериер: „БИРОПРОЕКТ“, Скопје

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top