Насловна / Архитектура / Со уништувањето на архитектонскиот брутализам во Скопје се губи и архитектонската препознатливост на градот

Со уништувањето на архитектонскиот брутализам во Скопје се губи и архитектонската препознатливост на градот

Полскиот архитект и критичар Томаш Малковски одржа предавање со наслов „Трите тигри и брутал“, коешто се одржа на Архитектонскиот факултет во Скопје, а настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Република Полска во Македонија и од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.polski tigri (8)

Пред предавањето, свое воведно обраќање одржа и деканот на Архитектонскиот факултет, Минас Бакалчев. Тој се задржа на значајноста што со себе ја носи објектот на Музејот на современа уметност за развојот на архитектонската мисла во земјава.polski tigri (4)

Архитектот Малковски зборуваше за архитектонските „полски тигри“, за историјата на брутализмот како архитектонски стил, и истакна дека со уништувањето на брутализмот како доминантен архитектонски правец во Скопје полека се губи и архитектонската препознатливост и таквата симболика на самиот град.polski tigri (10)

Така, тој во своето предавање даде особен осврт на архитектонските творби на полските тигри – архитектите Вацлав Клишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки како симболи на современата архитектура на оваа земја.

Овие архитекти имаат многу дела направени во Полска и ги сметаат за едни од најдобрите архитекти таму.

За нас се значајни затоа што кон крајот на шеесеттите години од минатиот век, според нивниот проект е изграден Музејот на современа уметност во Скопје. Вистинското значење на овој нивен проект, како и на зградата на музејот е во неговото траење, во неговите поставки. И ден-денес, музејот изгледа модерно, со својата јасност во изразот, со поставеноста на Кале која е доминантна.

Во мај 1966-та завршен е конкурсот во Полска за музејот и во оваа година славиме 50 години од неговото проектирање. Изведен е од 1969 до 1970 година.polski tigri (2)

Архитектот Малковски зборуваше за брутализмот како единствен стил во архитектурата, чиешто име и натаму делува невообичаено. Тој се јавува како одраз на вознемиреноста што се јавила после Втората светска војна, најпрвин во Франција, потоа во Велика Британија, за потоа да се рашири низ целиот свет. Кај нас има многу објекти изведени во овој стил и Скопје го сметаат за главен град на брутализмот во светот. За жал, некои од објектите кои се извонредни во својот архитектонски израз кај нас ги преоблекуваат во таканаречениот барок.

Малковски во своето предавање зборуваше за новите изрази кои се јавуваат во уметноста и архитектурата после војната. Зборуваше за музиката на Пендерецки, во којашто нотите наликуваат на математички изрази. Како во музиката, така се јавува нова потреба за изразување и во архитектурата. Потребата од брзо градење, придонесува за појавата на брутализмот. Објектите имаат искреност во изразот, имаат едноставни и чисти форми иако изгледаат груби. Објектите во овој стил честопати изгледаат како да не се довршени, со видлива конструкција. Еден од предводниците на овој правец е и познатиот Корбизје. Феликс Кандела е инспирација за тигрите кои биле активни 40 години на архитектонската сцена во Полска.polski tigri (6)

Според Малковски, многу од објектите од овој стил во светот се рушат и на нивно место се прават безлични комерцијални објекти. Ако ги изгубиме овие објекти ќе го изгубиме и својот образ? Кај нас веќе почнавме да го губиме образот.

По одржаното предавање, на Архитектонскиот факултет беше свечено отворена и изложбата „Варшавските тигри во Скопје“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top