Насловна / Вести / Катар му подари на Трамп „летачки замок“ вреден 400 милиони долари

Катар му подари на Трамп „летачки замок“ вреден 400 милиони долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе добие луксузен авион Боинг 747-8 како подарок од кралското семејство на Катар, кој ќе стане претседателски авион, пишува „ABC“, повикувајќи се на извори, истакнувајќи дека ова би можел да биде највредниот подарок што САД некогаш го добиле од една влада.

Цената на авионот е околу 400 милиони долари, стар e тринаесет години, а адвокатите на американската администрација и службениците од Министерството за правда на САД заклучија дека овој подарок не е поткуп.

Испрати коментар

Scroll To Top