Stellantis соопшти дека моделот DS N°8 Présidentiel, стана првиот електричен автомобил на светот наменет за претседателот на една држава, поточно за преседателот на Франција. DS N°8 Présidentiel е офарбан во Sapphire Blue сина боја со црни детали. Главна карактеристика на дизајнот е DS Luminascreen маската, која е осветлена во боите на француското знаме. Истите бои се присутни и на специјалните ознаки, додека предниот браник содржи држачи за знамиња. Мекиот склоплив покрив го нагласува парадниот статус на моделот.

Во внатрешноста доминира сината боја и има доста елементи изработени од кожа. Претседателскиот автомобил има дигитална инструмент табла и 16 инчен централен екран за мултимедијален систем. Под централната конзола се наоѓаат скриени команди, веројатно за активирање на специјални сигнали. DS ги нема објавено техничките детали, но познато е дека дометот изнесува 750 километри, што укажува дека автомобилот е базиран на верзијата на моделот DS N°8 со преден погон. Веројатно располага со моќност од 248 hp и батерија со капацитет од 97,2 kWh.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија