Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune!
Проектот Strada Brutalissima, под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ, отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество.
„Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж.“
Горди сме на нашите колеги, студенти и сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа!
Прочитајте повеќе: https://www.artribune.com/…/padiglioni-biennale…/

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија