Насловна / Вести / Канада се загрева двојно побрзо од остатокот од светот

Канада се загрева двојно побрзо од остатокот од светот

Канада во просек се загрева два пати побрзо од остатокот од светот. Извештајот на канадската влада за клима предупредува дека промените веќе се и видливи во многу делови од земјата, а се предвидува и нивно интензивирање.

До најголема промена има дојдено на канадскиот Арктик кој ќе продолжи да се загрева повеќе од двојно побрзо од светскиот просек.

Се проценува дека просечната температура во Канада годишно се зголемува за 1,7 Целзиусови степени од 1948 година.

Извештајот е објавен откако владата вовела данок на јаглерод на четири од 10-те канадски провинции кои не успеаја да изготват планови за борба против климатските промени.

Canada

Повисоки температури на воздухот може да значи и повеќе топлотни бранови и поголем ризик од шумски пожари и суши во некои делови на земјата.

Се очекува океаните да станат повеќе кисели и со помалку кислород, што може да го оштети животот во морето.

Според извештајот, брзото затоплување во Канада влијае на многу фактори, вклучувајќи го и намалувањето на снегот и морскиот мраз.

И покрај мрачните предвидувања, извештајот сугерира дека количината на затоплување може да се ограничи ако се преземе глобална акција за драстично намалување на емисиите на јаглерод на ниво блиску до нула на почетокот на втората половина на векот, како и значително да се намалат емисиите на други гасови со ефект на стаклена градина.

Еден коментар

  1. Cveta Citkuseva, Toronto

    Ne bi rekla deka vesta/tvrdenjevo vi s/e tocna/i. Pred da prepisete vakvo tvrdenje od nekogo prosetajte do Kanada i posedete edna prolet ili esen vo nejziniot najjuzen del. Na primer mojov grad Toronto. Ke vidite kolku pisanieto vi e silno pogresno.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top