Насловна / Архитектура / Камена куќа за одмор на Пелопонез (ВИДЕО)

Камена куќа за одмор на Пелопонез (ВИДЕО)

Архитектката Ивана Луковиќ долги години создава исклучителни проекти во своето биро во Атина, а доказ за тоа се бројните меѓународни награди и признанија кои ги има добиено. Еден од поновите проекти со потписот на Ивана, Peloponnese Rural House, го привлече вниманието на светската јавност со својата убавина и едноставност на изразот.

7

Враќањето на животот во природата, преку реновирање на стари или изградба на нови селски куќи, стана светски тренд, а современиот човек трага по форма која ќе ги задоволи современите потреби, исто така, нема да ја загрози природната средина, на автентичен начин ќе се вклопи во околината. Сето тоа, и многу повеќе, го овозможи оваа камена куќа на Пелопонез.

1

Под притисок на урбаниот живот, петчлено семејство посакало свој мир, место за одмор во здрава и природна средина. Селото Кламиа на Пелопонез на 430 метри надморска височина, со поглед на Коринтскиот залив, затскриено меѓу маслинови градини, било идеална локација за нивната нова викендица.

2

Предизвикувачкиот терен, со пад од 6 метри висинска разлика, влијал на обликувањето на објектот, кој од страната на улицата е во форма на незабележлива еднокатна куќа која се вклопува во селскиот амбиент, а од страната на дворот се развива во атрактивна двокатна куќа со градина.

Инспирацијата за примена на природни материјали, како што е рециклиран локален камен, доаѓа од земјоделските камени објекти, карактеристични за руралните области на Пелопонез. Надополнет со нов камен и применет на современ начин, со играта на сончевата светлина и сенките, создава разиграна фасада со раскошна текстура.

Куќата е изградена според современи стандарди на биоклиматска архитектура и е лоцирана во здрава средина, и како таква, идеална е за бегство од урбаната средина.

4

Влезот во куќата, од уличната страна, решен е со блага рампа. На ова ниво, покрај гаражата, се наоѓа просторот на дневната зона – дневна соба со модерен камин, трпезарија и кујна. Високите лизгачки врати го поврзуваат просторот со надворешна платформа, тераса со идеален поглед на ноќното небо или синиот хоризонт.

Од терасата директно во градината се спуштаат конзолни, транспарентни, бетонски скали. На долното, дворното ниво се наоѓаат просториите за одмор и релаксација, спални соби со свои бањи, кои имаат директен излез во градината.

3

Високите прозорци се покриени со дрвени жалузини, а перфорациите во бетонската плоча овозможуваат проток на снопови природна светлина, обезбедувајќи посебна атмосфера на приватниот простор.

9

Ентериерот е со основен мебел со едноставни форми и материјали, со нота на монашки аскетизам. Контрастот на светлите бои на ѕидовите и темниот алуминиум на прозорците, комбинацијата на текстури од природен камен, малтер и дрвени плочи, геометриската хармонија на формите и транспарентноста на целиот простор даваат чувство на мир и удобност, токму како што се очекува од ваква куќа за одмор.

5

Испреплетеноста на основните материјали – каменот, бетонот и дрвото, во линеарни форми, со внимателно дизајнирани детали и неочекувани упади на светлина, создале динамичен простор, компактен и покрај предизвиците на теренот, со доволна приватност и силна поврзаност со надворешниот амбиент.

8

11 6

10

13 14 15 16

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top