Насловна / Вести / Стан со поглед кон Водно, во центарот на Скопје

Стан со поглед кон Водно, во центарот на Скопје

Во срцето на скопско Дебар Маало, се наоѓа еден стан од 65 квадратни метри, кој го проектирав со особено задоволство. Состојба која ја затекнав, беше трособен стан, дневна соба и две спални соби. По барање на клиентот станот е препроектиран во двособен, со една спална соба и голем просотр каде се интегрирано сместени дневна соба со кујна и трпезарија. Станот е всушност поткровје, се наоѓа на последен кат од петкатна зграда. Погледот на станот е ориентиран кон Водно и преку ден ентериерот е природно осветлен.

2

Идејата која стои зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио или ателје, каде фокусот ќе биде на современата уметност на ѕидовите, а мебелот ќе претставува микс на современ стил и винтиџ парчиња од 60-тите и 70-тите скопски години.

11

Веднш при влегување во станот, ходникот се издвојува од останатиот прстор преку сиво-маслинестата боја на ѕидовите и подот обложен со топол ореов паркет. На ѕидот во ходникот поставено е првото уметничко дело на уметницата Ивана Мојсовска, интро кон уметноста во станот што е претежно монохроматска и графичка, а големите огледала го oткриваат останатиот дел од просторот.

12

Поради отворениот распоред на станот, од ходникот се влегува во кујната, дневната соба и трпезаријата, целосно отворен и интегриран простор со непречен поглед кон Скопје и Водно.

Кујната во овој стан е важен дел, претставува простор за социјализирање, конверзација и забава. Тоа е најмногу овозможено преку големиот кујнски остров што се користи за приготвување храна и јадење. Применетите материјали се мат и суптилни, плотната е од матиран црн гранит, што речиси делува како црн примитивен камен со блага рапавост, а вратите на кујнските елементи се лакирани во темнозелена боја. Амбиентот е надополнет и украсен со три висечки сијалици од месинг и уметничко дело, графика од Ана Спасова.

3

Дневната соба е во продолжение на кујната, опремена е со софа, две винтиџ фотелји во две нијанси на сиво и клуб масички со овална форма, направени од масивно дрво од манго. На ѕидот е поставена моја инсталација од алуминиум, додека подот е прекриен со зелен, рачно изработен килим од рециклирана волна, а осветлувањето во собата е инспирирано од филмски рефлектори.

4

Трпезарискиот простор е опремен со трпезариска маса од орев, библиотека, а тука е и работна маса. Библиотеката се состои од лебдечки полици и долен елемент направен од ОСБ-плочи во транспарентна бела боја, каде природната текстура на плочите е видлива. Во библиотеката може да се најдат изложени различни керамички вазни, скулптури, уметнички дела од македонски автори и секако книги.

1 (4)

Основната идејата за спалната соба беше да се постигне што поамбиентален простор, каде фокусот ќе биде на релаксација за умот и телото. Преовладува сино-зелена темна боја, инспирирана од океан, дрвен кревет и преработен винтиџ елемент од 70-тите години. Во оваа соба, веднаш до комодата има и грамaфон сокриен во посебен, специјално за него дизајниран елемент. На ѕидот над креветот поставена е оригинална графика од италијанскиот архитект Андреа Бранзи.

5

Бањата ја презема истата филозофија од спалната. Тука преовладуваат природни бои и материјали како бетон и темнодрвени подови, инспирирана од бруталистичката архитектура во Скопје. Туш кабината е одвоена со транспарентна стаклена преграда, а мијалникот е поставен преку дрвен елемент.

6

Терасата не е голема, но е пријатно место со мала маса со соодветна димензија и две столчиња, надополнети со саксиски цвеќиња за што попријатен и опуштен амбиент.

9

Автор: Даниел НИКОЛОВСКИ, дизајнер на ентериери

Ентериер и дизајн: Даниел Николовски

Година на изведба: февруари, 2022

Локација: Дебар Маало, Скопје

Површина: 65 м2

Автор на фотографии: Марко Костовски

7

8

10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top