Насловна / Вести / Каков Галакси уред ќе претстави Самсунг на 28. април (видео)

Каков Галакси уред ќе претстави Самсунг на 28. април (видео)

На промотивното видео објавено на официјалниот канал на Јутјуб на компанијата „Самсунг“ со кое се најавува големиот настан за 28 април, не може да се види ништо освен картонска кутија од која нешто сјае.

Но, дури и оваа светлечка кутија ни кажува нешто – се чини дека е премногу голема за да може во неа да се наоѓа само телефон. Со оглед на тоа дека е малку веројатно дека Самсунг ќе лансира уште еден голем телефон Галакси во април, веројатно добиваме нов лаптоп Галакси бук – или дури три.

Добро информираниот Еванс Блас, од порталот Војс, се согласува со оваа претпоставка и открива фотографии од три нови Галакси бука кои очекува Самсунг да ги претстави на 28 април.

Според Блас, новиот Галакси бук (можеби ќе се појави и потполно нов Галакси бук про) ќе се појави со Интелови на процесори Тајгер лејк, кои би одговарале на најмоќниот Галакси уред на Самсунг.

Лаптопите, наводно, ќе доаѓаат во прилично стандардни големини, со ОЛЕД екрани од 13,3 и 15,6 инчи, а барем еден ќе има прекинувач од 360 степени, како и 5Г врска.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top