Насловна / Архитектура / Како клупите станаа паметни

Како клупите станаа паметни

,,Најдобриот начин да ја предвидиме иднината, е да ја дизајнираме самите ние

Така, неколку иноватори од Strawberry Energy  полни со ентузијазам, младешка енергија, идеја и верба дека ќе го променат светот на подобро, во 2011 година пронајдоа начин како старата дрвена клупа која сите ја знаеме, да ја претворат во парче урбан мебел.

Поаѓајќи од целта да ја зачуваат нејзината основна функција – одмор, но притоа и да додат уште неколку атрибути како можноста да го наполните мобилниот уред, таблет, смарт часовник, па дури и електричен тортинет, а и да го користите бесплатниот интернет, иновираат и креираат паметна клупа. И на крај, сето ова е склопено како еко производ, кој како извор на енергија ја користи сончевата енергија. Соочени со големи предизвици, идејата е прифатена со восхит од тогашниот градоначалник на Лондон и првата ваква паметна клупа е инсталирана на неколку локации низ градот.

f33024b75253ff9d18dacdb4c2b8cb96

Од почетокот па до денес, нашите паметни клупи се веќе распространети низ 50 градови, во над 25 земји во светот.

Северна Македонија не е исклучок  во глобалната мисија за транзиција кон паметни градови и од пред две години ОКТАГОН ПРИМА е застапник за овој регион за паметни клупи (https://smartbench.mk/).

За доста краток временски период на наша територија се инсталирани околу дваесеттина паметни клупи, што е сериозна бројка и ни покажува за зголемената свесност и потреба од практични смарт решенија во просторот.

Кои се трите типови на паметни клупи и како да ја одберете вистинската за вашиот простор?

Паметната клупа мини е идеална за било која локација
Паметната клупа мини е дизајнирана со цел лесно да се вклопи на која било локација -парк, игралиште, трговски центар, студентски кампус.. Има атрактивен и модерен дизајн и наликува на дрвените клупи во парковите. Таа има 100% самостоен соларен систем кој работи 24/7, на сите временски услови. Може да користите бесплатен интернет ако се наоѓате во непосредна близина, а уредот може да го наполните со кабел преку USB порта или со безжично полнење.

4nav

Паметна клупа 1- место за реклама и брендинг
Оваа паметна клупа има футуристички и монументален дизајн кој веднаш го забележувате. Поголема е од мини клупата и во исто време може да ја користат повеќе луѓе. Клупата нуди брендирани површини кои се погодни за иновативен дизајн, брендинг и реклама на компании, значи нуди можност од оваа клупа да се заработува со продажба на рекламен простор.

Покрај стандардните перформанси како можност за полнење на мобилен или таблет, бесплатен интернет, систем кој работи нон-стоп во секакви временски услови, оваа клупа има и напреден сет на сензори кои мерат температура, влажност на воздух, притисок на воздух, бучава CO, NO2, O3, SO2, N2S преку апликацијата достапна  за сите оперативни системи.

Strawberry_Smartbench_SSB1_BMW

Паметната клупа 2 и нејзината елеганција
Паметната клупа 2 има малку поразличен дизајн од  клупата 1, но и таа ги освојува погледите на минувачите со футуристичкиот изглед и елегантен дизајн. Ги има истите перформанси, лесна е за одржување и може да биде домаќин на поголема група луѓе.
Секако дека и и таа нуди можност да го наполнете вашиот мобилен телефон преку USB порта или со безжичен полнач.

Нашите клупи се всушност уште еден мал но значаен чекор кон остварување на мисијата, транзиција кон паметен главен град, кон паметна држава.

2nav

КОМЕРЦИЈАЛЕН ОГЛАС

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top