Насловна / Вести / Како дрвото да стане појако од челикот и титаниумот?

Како дрвото да стане појако од челикот и титаниумот?

Старите парчиња дрво можат со хемиски третман да се претворат во нов супер-јак материјал кој се вика „излечено дрво“. Вака направениот материјал од рециклирано дрво е пет пати појак од природното и може да се направи од било кој нус производ на дрвото, вклучувајќи ги и струготините. И покрај тоа што еднаш употребеното дрво може да се користи на различни начини, сепак милиони тони годишно се одлагаат на депониите. За да се изгради вистинска циркуларна економија, дрвото ќе мора да се реупотребува во поголеми размери.

ubc1

Научниците од British Columbia University во Канада измислиле процес кој го овозможува ова, со истовремено зајакнување на механичките својства на дрвото. Имено, тестовите покажуваат дека овој материјал е поотпорен на кршење од нерѓосувачкиот челик или од леурите на титаниумот. Дрвото третирано на ваков начин може повторно да се користи за создавање на нови објекти, а процесот може да се изведува и повеќе пати со истите парчиња дрво. Истражувањето е објавено во часописот Nature Sustainability.

ubc2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top