Насловна / Архитектура / Agrotopia е најголемата европска јавна зграда за урбано производство на храна

Agrotopia е најголемата европска јавна зграда за урбано производство на храна

Бироата Meta Architectuurbureau и Van Bergen Kolpa Architecten се проектанти на Agrotopia, стаклена градина во Белгија поставена на кровот на земјоделскиот пазар за да се создаде урбан центар за производство на храна.

2_resize

Сместена во градот Roeselare, Agrotopia е најголемата европска јавна зграда за урбано производство на храна и ќе се користи и за одгледување храна и за едукација на јавноста за земјоделството, пишува Dezeen.

8_resize

Стакленикот од 9.500 квадратни метри е изградена на врвот на аукцискиот пазар за земјоделски производи REO Veiling. Нарачан е од REO Veiling заедно со Фламанскиот институт за истражување за земјоделство и хортикултура Inagro.

1_resize

Внатре, Agrotopia е поделена на четири климатски зони за да се овозможи одгледување на голем број различни видови овошја и зеленчук. Објектот има и истражувачки капацитети и едукативна патека за пошироката јавност.

Архитектите создале „box-in-box“ простори во топлиот и влажен стакленик, со што е овозможено просторите наменети за истражување и образование да имаат посоодветна клима за вработените.

6_resize

13_resize

Однадвор, Agrotopia иззглрда како кохезивна стаклена градина која Meta Architectuurbureau ја опишуваат како „горда, проѕирна скулптура од челик и стакло“.

Фасадата на која е поставен влезот во објектот е вертикално фасетирана и формирани се еркери со широки скали кои се протегаат по должината на зградата.

3_resize

Скалите водат до плоштадот за урбана хортикултура, кој претставува појдовна точка за посетителите во центарот.

Објектот има и стаклена градина со двојна висина, проектирана за вертикално одгледување на високи растенија. Овој дел има хоризонтална фасетирана конструкција за која проектантите велат дека гарантира поволна сончева светлина неопходна за земјоделските култури.

5_resize

Во подножјето на градината се наоѓаат силоси во кои се складира дождовницата од кровот, која се користи за наводнување на стаклена градина.

Одводнувањето од наводнувањето исто така се рециклира и повторно се користи во стаклена градина, додека греењето доаѓа од преостанатата топлина од блиската печка за согорување отпад, создавајќи го она што архитектите го нарекуваат „кружна симбиоза со градот“.

4_resize

10_resize

11_resize

9_resize

7_resize 14_resize

15_resize

16_resize

17_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top