Насловна / Вести / Кај Оландските острови на Балтикот ќе бидат изградени најголемите ветерни електрани на море

Кај Оландските острови на Балтикот ќе бидат изградени најголемите ветерни електрани на море

Шведската компанија за развој на обновливи извори на енергија OX2, заедно со Alandsbanken Fondbolag развива два проекта за ветерни електрани на море (офшор), јужно и северно од архипелагот Оланд во Балтикот, со капацитет од 5 и 3GW. Проектите под името Noatun Syd и Noatun North се водат преку две заеднички компании во кои OX2 го развива проектот, додека Alandsbanken Fondbolag ќе биде долгорочен акционер преку своите инвестициски фондови.  Во септември е потпишан обврзувачки договор помеѓу страните и започна работата на анализа и проценка на влијанието врз животната средина. Владата на автономниот регион Оланд, неодамна издала дозвола за подготовка на проектот. Компанијата  OX2 ги вклучила овие проекти во своето развојно портфолио. Уделот на  OX2 во овие два проекти е проценет на околу 5GW.

Ox1

Покрај офшор електраните во близината на Оланд, проектите вклучуваат и мрежни решенија за дистрибуција на електрична енергија до Оланд, Шведска, Финска и Естонија. Партнерите потпишале Меморандум за разбирање и планираат да им понудат на инвеститорите и јавноста можност да вложуваат во проектот преку фондови. Оваа опција ќе биде достапна кога ќе се обезбедат сите дозволи. Кога ќе бидт завршени двата проекти, тоа ќе бидат најголемите офшор ветерни електрани во светот. Во моментот најголем офшор ветерен парк е Hornsea 2 кој има капацитет од 1,3 GW. Проектот е развиен од страна на дански Ørsted, а пуштен е во погон на 31-ви август годинава и се наоѓа околу 90 километри од брегот на Велика Британија во Северното море. Компанијата OX2 со седиште во Стокхолм, работи во 11 европски земји: Шведска, Норвешка, Финска, Естонија, Литванија, Полска, Франција, Шпанија, Италија, Романија и Грција. На крајот на вториот квартал на оваа година, развојното портфолио на OX2 изнесувало 23,8 GW. Компанијата исто така е активна и во развојот на проекти базирани на други технологии од областа на обновливите извори на енергија, како што се водород и складирање на енергија.

OX2

Испрати коментар

Scroll To Top