Насловна / Вести / Кафуле кое изгледа како цртеж

Кафуле кое изгледа како цртеж

Црно-бело кафуле кое е отворено во близина на Дворскиот плоштад во Санкт Петербург веќе е туристичка атракција.

Поради неговиот оригинален ентериер ова кафуле потсетува на 2Д цртеж, а посетителите се сложуваат дека е идеален за правење Instagram фотографии.

Black and white cafe in St Petersburg

Локалот е дизајниран исклучиво во црно-бели најанси. Црните линии ги отсликуваат ивиците на мебелот и ѕидовите што прави илузија на 2Д цртеж.

За илузијата, која никого не го остава рамнодушен, заслужна е уметникот Анфиса Тошина.

BWCafe благодарение на ентериерот за кратко време стана омилено и неодминливо место за „Instagramerite“ од целиот свет.

Black and white cafe in St Petersburg

Испрати коментар

Scroll To Top