Насловна / Вести / Финците воодушевени од рускиот воз кој „јаде снег“

Финците воодушевени од рускиот воз кој „јаде снег“

Железничка композиција за чистење пруги од снег, која стигна од Русија, ги воодушеви жителите на Финска, каде речиси 6.000 километари железничка пруга во зима обично се чистат со помош на трактори и багери.

„Руските железници ќе ја тестираат тешката зимска опрема на финската железничка мрежа во февруари. Специјалниот воз за чистење снег стигна на местото на тестирањето. Целта на експериментот е да се утврди дали опремата може да се користити за подобрување на одржувањето на железниците во Финска“, вели претставникот на Агенцијата за транспортна инфраструктура на Финска, Марку Нумелин.

voz_resize

Руската железничка машина за чистење снег СМ-7, Финците ја карактеризирале како „воз кој јаде снег, на кој му нема рамен на светот“. Споредувајќи ја со останатите чистачи на железнички пруги во светот, заклучиле дека не постои поеколошки, почист и поефикасен начин за отстранување на снегот од пругите, пишува Ilta Sanomat.

Возот ќе биде тестиран на северот на Финска, каде во моментов паднала максимална количина снег за оваа сезона.

voz1_resize

Нумелин додал дека е планирано во тек на тестирањето особено внимание да се обрне на безбедноста и адекватноста на оваа опрема за  финската железничка мрежа. Финска ќе го набави овој вид на техника, ако тестирањето биде успешно, додава тој.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top