Насловна / Архитектура / Пловечки хотели за Светското фудбалско првенство во 2022 година

Пловечки хотели за Светското фудбалско првенство во 2022 година

Во план е проект кој подразбира изградба на 16 пловечки хотели за сместување на туристи и навивачи кои ќе го посетат Катар за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Ќе се наоѓаат на островот  Qetaifan North, во непосредна близина на меѓународниот стадион кој ќе биде домаќин на отворањето и затворањето на FIFA World Cup 2022. Проектот е дело на  ADMARES и Sigge Architects. Во текот на оваа манифестација се очекуваат голем број посетители, па соодветно на тоа се и планираните  активности и содржини. Ќе бидат направени навивачки села во текот на турнирот, како и пловечки хотели. Островот се простира на околу 1,3 милиони метри квадратни со голем број атракции и седум плажи. Со минимално влијание врз животната средина, пловечките хотели се одржливо решение за сместување на голем број луѓе. ADMARES  создава нови вредни недвижности на вода – иновативни пловечки конструкции. Оваа компанија, во соработка со финската архитектонска фирма  Sigge Architects, го осмислила овој проект за модерен и урбан пловечки комплекс, во близината на градот Лусаил во Катар. Проектот ќе го сочинуваат вкупно 16 идентични пловечки хотели. Секој објект ќе биде на четири ката, со должина од 76 метри и широчина од 16 метри. Секој хотел ќе содржи 101 соба за гости, ресторан и lounge bar.

Ова е прв пат во целост да се користат пловечки објекти како привремено решение за сместување за потреби од овој обем. По завршувањето на настанот, хотелите можат да се сместат на било која локација каде водата е длабока најмалку 4 метри.

floating1

floating2

floating3

floating4

Испрати коментар

Scroll To Top