Насловна / Ентериери / Рафинирана трансформација | Студио Arhitektura Budjevac

Рафинирана трансформација | Студио Arhitektura Budjevac

Stock Coffee  (11)
Креатор на овој рафиниран дизајн за првата кафетерија “Stock” во Ниш, е српското архитектонско студио Arhitektura Budjevac. Со цел да се трансформира поранешниот трговски простор во кафетерија, архитектите биле задолжени да ги отстранат сите непотребни елементи од ентериерот, соголувајќи ги целосно бетонските плафони, ѕидови, столбови и греди, како и металните цевки за вентилација кои континуирано се протегаат низ плафонската површина.
Stock Coffee  (3)
Кафетеријата се состои од два простори во форма на “L”, позиционирани еден над друг и визуелно поврзани со помош на атриум. Специфичен детал кој се простира низ целиот ентериер е ѕидот со 10 м должина и 5 м висина, кој се користи како табла за испишување и цртање. Рачно нацртаните декорации се изведени од младата артистка Јелена Илич, и концептот на овој уметнички ѕид всушност ја интерпретира колаборацијата помеѓу архитектите и артистката.
Stock Coffee  (6) Stock Coffee  (2)  Stock Coffee  (5)
Со цел да се рафинира индустрискиот израз во просторот, детали од дрво се интегрирани во дел од ѕидовите, долж грубите и доминантни бетонски елементи. Ентериерното уредување е компонирано на начин да се создаде релаксирана и неформална атмосфера каде се потенцираат функционалноста и визуелната динамика.
Stock Coffee  (4) Stock Coffee  (1) Stock Coffee  (8) Stock Coffee  (12) Stock Coffee  (13) Stock Coffee  (7)

Испрати коментар

Scroll To Top