Насловна / Архитектура / JKMM Architects победници на конкурсот за Музејот на архитектура и дизајн во Финска

JKMM Architects победници на конкурсот за Музејот на архитектура и дизајн во Финска

JKMM Architects победи на меѓународниот архитектонски конкурс за новиот Музеј на архитектура и дизајн во Финска, значаен проект на брегот планиран за историското Јужно пристаниште во Хелсинки.

Проектот е избран во конкуренција од 624 дела, како победничко решение, познат за времетраење на конкурсот под шифрата Kumma. Проектиран е да го апострофираистакнатото место покрај плоштадот на пазарот и тампон-зоната на УНЕСКО Suomenlinne, нудејќи нова културна фокусна точка за градот. Музејот, кој треба да се отвори во 2030 година, ќе ги обедини двете главни дизајнерски институции во Финска и ќе смести колекција од повеќе од 900.000 артефакти.

„Се надевам дека планирањето и реализацијата на новиот Музеј на архитектура и дизајн ќе го покаже патот за тоа како новите нешта можат да се градат одговорно и вешто“, вели Samuli Miettinen, партнер основач и главен проектант во JKMM Architects. „Архитектурата и дизајнот се длабоко човечки – се раѓаат од соништата и копнежот, а го добиваат своето значење на местата каде што можеме да искусиме и да живееме заедно.“

Конкурсот, кој беше објавен во април 2024 година, привлече проекти од целиот свет, со околу 20% учесници од Финска и голема застапеност од Италија, САД, Франција и Велика Британија. Жирито, предводено од Mikko Aho, го избра делото на JKMM со седиште во Хелсинки, поради неговата способност да се интегрира со градскиот пејзаж на пристаништето, а воедно да одржува јасно градско присуство. Победничкиот проект се издвојува по својата скулпторска употреба на рециклирана тула, неговата силна урбана тераса и неговиот потенцијал да ја балансира монументалноста со пристапноста како што се развива проектот.

Втората награда припадна на Cossement Cardosu (Португалија/Белгија) за проектот „Град, море и небо“, додека швајцарското студио Lopes Brenna ја доби третата награда за „Моби“. Наградени се и колектив од фински архитекти и француското биро Atelier Orda.

Музејот проектиран од JKMM треба да се изгради на празен пристанишен плац во Јужното пристаниште, симболична локација на граница помеѓу историскиот центар на Хелсинки и неговата поморска околина. Околните знаменитости вклучуваат култната Коцка шеќер на Алвар Алто, градските православни и лутерански катедрали и паркот Еспланада. Иницијативата е дел од стратегијата за регенерација која има за цел да го трансформира пристаништето во културен и јавен кварт, со финансиска поддршка од финската влада и градот Хелсинки.

Кога ќе биде завршена, зградата од 10.050 квадратни метри ќе обезбеди флексибилен и инклузивен граѓански центар, од изложбени галерии до дизајнерска библиотека и јавни тераси со отворен пристап. Програмата ќе ги вклучи и локалните жители и меѓународните посетители, позиционирајќи го музејот како место за истражување како архитектурата и дизајнот го обликуваат секојдневниот живот.

Централно место во мисијата на институцијата завзема идејата за „демократизација на алатките за дизајн“. Освен прикажувањето предмети, коресподенција, модели и фотографии од личности како Aino и Alvar Aalto, Eero Aarnio, Maija Isola, и Eliel и Eero Saarinen, музејот нуди платформа за јавно учење. Изложбите ќе се осврнат на улогата на дизајнот во современите глобални предизвици. Високопрофилни патувачки изложби, едукативни работилници и партиципативни програми ќе имаат за цел да ги направат дизајнерските вештини достапни и релевантни за сите општествени групи.

Одржливоста била клучен услов во конкурсната програма, а Хелсинки се стреми кон јаглеродна неутралност до 2030 година. Предлогот на JKMM вклучува климатски паметни решенија и пофален е за неговата еколошка и општествена одговорност.

Секој пријавен труд бил подложен на анализа на протокот на луѓе од страна на KONE Finland, а јавни работилници со кориснички групи го обликувале процесот на евалуација. Според жирито, проектот со шуфра Kumma покажува потенцијал да служи како отпорен и социјално инклузивен модел за идната музејска архитектура.

Предвидено е изградбата да започне во 2027 година, а отворањето е планирано за крајот на 2030 година.

Испрати коментар

Scroll To Top