Насловна / Вести / Хрватска добива 44 милиони евра грантови за зелена транзиција

Хрватска добива 44 милиони евра грантови за зелена транзиција

За периодот до 2028 година, Хрватска ќе добие вкупно 44 милиони евра во вид на грантови од ЕЕА (European Economic Area) и Норвешка, за зелена транзиција. Попрецизно, 21,6 милиони евра се наменети за програмата за зелена транзиција, а 22 милиони евра за иновации за зелена и сина економија. Овие неповратни средства се дел од механизмот за поддршка од вкупно 111 милиони евра, вклучувајќи и средства за локален развој и правосудство.

Во изминатиот период, со финансирањето преку овие механизми, во Хрватска се реализирани низа проекти, вредни над 103 милиони евра, меѓу кои се и воспоставување на четири регионални научни центри и голема геотермална бушотина во Бјеловар.

Норвешките и EEA грантови се дел од Финансискиот механизам на регионот кој го сочинуваат државите членки на ЕУ, Исланд Лихтенштајн и Норвешка. Кориснисите се во земјите на EУ чиј бруто национален приход по глава на жител е под 90% од проесекот на Унијата. Актуелниот седумгодишен период на финансирање започнал во мај 2021 година, а ќе трае до април 2028 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top