Насловна / Вести / Јавниот превоз во Виена забрзано се дигитализира

Јавниот превоз во Виена забрзано се дигитализира

Во Виена е остварен уште еден чекор кон паментен град и паметен сообраќај. Имено, новите трамвајски и автобуски постојки, на патниците им нудат известувања за движењето на возилата во реално време и бројни други корисни информации, а прилагодени се и за слепи и слабовидни лица. Виенскиот оператор на јавниот превоз, компанијата Wiener Linien, не само што со бројните проекти настојува да го поттикне развојот на јавниот превоз и со тоа да придонесе за зачувување на животната средина, туку придава и големо значење на дигитализацијата и достапноста на своите услуги. Меѓу останатите информации и услуги, постојките јавуваат и за можностите за менување на линиите, евентуалните застои и сл. Сите информации се достапни на германски и на англиски јазик. Постојките имаат препознатлив дизајн и уникатен изглед. Досега во Виена се изградени над 30 такви постојки, а во наредните години со ова решение ќе бидат опфатени сите постојки во градот.

digitalization1

digitalization2

digitalization3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top