Насловна / Вести / Јавна анкета за предлог ДУП во населба Пролет

Јавна анкета за предлог ДУП во населба Пролет

Од Општина Центар соопштуваат дека наредниот понеделник започнува јавната анкета на Предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт И 06-Пролет. Ова е првиот ДУП, кој откако го мина филтерот на Комисијата која беше формирана за испитување на 31 ДУП и утврди дека урбанистичко планската документација за овој ДУП е во согласност со Генералниот урбанистички план, премина на изготвување на Предлог Детален урбанистички план.

Измените се со цел да се реши проблемот со предвидените висини во стариот ДУП, кои бе а повисоки. Со такви двојно поголеми висини ќе се нарушеа параметрите и немаше да се задоволат потребите од зеленило и паркирање на жителите.

пп

Со ова привршува периодот на Мораториум за спроведување на 31 ДУП, кои општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ пред 2013 година ги носеше на брзина, во ноќните саати и според желбите на центри на моќ а не според интересите на граѓаните. Ново изработените ДУП-ви, по Мораториумот, ќе овозможат рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација.

Предлог Детален урбанистички план Градска четврт И 06-Пролет, Општина Центар-Скопје, плански период 2015-2020 ќе биде изложен во просториите на урбана заедница „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 28.5.2018 до 8.6.2018 година.

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

Во определениот рок, заинтересираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Испрати коментар

Scroll To Top