Насловна / Вести / Наскоро ќе започне изградбата на автопат Белград – Сараево

Наскоро ќе започне изградбата на автопат Белград – Сараево

Во текот на претстојното лето ќе биде распишан тендер за изградба на автопатот Белград – Сараево, вели Претседателството на БиХ во своето соопштение до медиумите, по средбата Изетбеговиќ – Ердоган во Сараево, на која е потпишано писмо за намери.

Турскиот претседател пак, истакнал дека изградбата на овој автопат ќе биде резултат на соработката и пријателството помеѓу БиХ, Србија и Турција, подвлекувајќи дека сепак се работи за сложен инфраструктурен проект со оглед на карактеристиките на теренот кој ќе бара изведба на голем број тунели и мостови. „Кога ќе биде завршен овој проект бенефит ќе има целиот Балкан“ изјавил Ердоган.

avtopat BG-SA

Испрати коментар

Scroll To Top