Насловна / Вести / Јапонија: Прв автобус/воз комбо концепт на светот

Јапонија: Прв автобус/воз комбо концепт на светот

За прв пат во светот јапонците промовираат еден ваков концепт – „две во едно“ за возило кое може да стигне и до најизолираните области. Возилото е претставено во градот  Kaiyo во префектурата Tokushima во Јапонија. Проектот е развиван долго време. „Беа потребни околу 10 години од почетната фаза на истражување до реализација на проектот“, рекол Kaiyo Mayor Shigeki Miura, претседателот на Asa Coast Railway, компанијата одговорна за проектирањето на возилото. Возилото сообраќа со класични гумени пневматици на патиштата, но со челични тркала кога користи шини. Трансформацијата од воз во автобус и обратно трае одвај 15 секунди. Може да превезува 21 патник а достигнува брзина од 60km/h на пат и 100km/h на шини. Се проценува дека ќе биде одличен избор за рурални области со главно старо население.

combo1

combo2

Испрати коментар

Scroll To Top